Од каде потекнува терминот „кокпит“?

08.12.2021 14:42
Од каде потекнува терминот „кокпит“?

 

 

Зборот „кокпит“ влече корен од англиските зборови cock (петел) и pit (јама, дупка), а првите „кокпити“ биле јамите во земјата изградени за борби со петли – исклучително брутален и крвав „спорт“, кој во повеќето цивилизирани земји денес е забранет.

Бидејќи во оригиналот означува нешто крваво и опасно зборов е користен како начин за опишување на крвавите боишта ширум Европа, а до крајот на 16 век означувал длабоки јами или мали, ограничени простори. Токму како оние во кои се бореле петли.

Околу 1700 година во британската морнарица започнале да го користат овој израз како термин за задниот дел од најниската палуба на борбените бродови, зашто при евентуална битка оние во потпалубата би имале најмали шанси да преживеат во случај на потопување на бродот. Подоцна терминот се користел и за местото на кормиларот, кој бил директно изложен на непријателски напади.

Овој израз во авијацијата е во употреба од 1914 година, бидејќи пилотската кабина во воената авијација отсекогаш била многу опасно место, а во спортскиот автомобилизам, што е потенцијално многу опасен спорт, од 1930 година. Од 1935 година „кокпит“ е термин за возачкото место во автомобилите со високи перформанси, а во меѓувремен станал и формален израз за таа позиција во Формула 1.

Од друга страна, комерцијалните авиопревозници изразот го усвоиле од военото воздухопловство на Велика Британија, каде го означува местото на кое седат пилотот и копилотот, односно пилотската кабина.

Интересно е што кокпитот не постоел во времето кога авионите немале преграда помеѓу пилотот и патниците, туку дури од моментот кога пилотската кабина станала засебен дел од леталото.

Слични содржини

Живот / Филм / Историја
Општество / Живот / Историја
Општество / Живот / Култура
Општество / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото