Воздушен шверц

08.12.2021 13:54
Мало, ама љуто

Американскиот црвенокрилест кос кој е познат по тоа што сака ги заштити своите млади на фотографијава е фатен како следи многу поголема птица од него, далеку од своето гнездо. Наместо да лебди околу грабливецот како што обично прави овој вид кос - обично е агресивен и територијален и веројатно ќе нападне поголеми животни и луѓе ако премногу се приближат до неговите млади - малиот кос се провозел со грабливецот, седејќи на гранката што во канџите ја носи поголемата птица.

Фотографката Џосилин Андерсон (Joceyln Anderson) ја снимила чудната средба, која започнала со црната птица што кружела околу грабливецот над езеро. Додека двете птици се плеткале една околу друга, тие се приближиле до Андерсон, која можеле да ја сними нивната кратка средба. „Погледна зад себе неколку пати додека црната птица го следеше пред да слета на стапот“, вели таа. „Бев изненадена колку долго црната птица го следеше грабливецот. Можеби уживаше во бесплатното возење на гранката!“

Инаку, Андерсон живее и работи во Мичиген, во САД, и е страствен фотограф на дивиот свет.

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Екологија / Живот / Око
Наука / Екологија / Живот
Свет / Екологија / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Книжевност / Екологија / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото