Македонската уметница Нада Прља изложува во Милано

09.12.2021 13:34
Македонската уметница Нада Прља изложува во Милано

Во приватна галерија (aA29 Project Room) во Милано, на 3 декември беше отворена двојната самостојна изложба на македонската уметница Нада Прља и италијанската уметница Изабела Перс под наслов „In Common“. Изложбата е подготвена од реномираната италијанска кураторка Лаура Черубини, а говори за современите социјални (медиумски) и еколошки прашања.

Насловот „Што ни е заедничко?“ укажува на заедничката основа која се проширува на просторните и временските оски на повеќе нивоа на меѓусебна поврзаност и коегзистенција, двете уметнички, со различни, но комплементарни погледи и методи, создаваат дијалог и размислување за важни современи, социјални и еколошки теми. Прља и Перс ги анализираат современите медиуми кои влијаат врз нашата перцепција за светот околу нас.

 Нада Прља прашувајќи се како уметниците да ќе ги променат начините на производство на сопствените уметнички дела, за да избегнат неограничено искористување на материјали, дава можност низ излоќбата за критиката на самиот уметнички пристап. Со давање на соодветен пример, Прља ги рециклира своите постари дела за да создаде нови уметнички дела, што резултира со слоевитост на содржината што ги збогатува постоечките дела со нови значења и концепти. Помеѓу уметничките дела на оваа изложба, инсталацијата „Дневник на катастрофи II“ (2021) го реупотребува и трансформира постоечкото дело „Некомерцијална агенција“ (2004), проект кој ја критикува и преиспитува содржината на информациите што весниците ги даваат на јавноста секој ден. Со исликување врз неколку од новинските страници од ова дело, на датумите и местата од природните катастрофи што се случиле на глобално ниво помеѓу 2004 и 2021 година, Прља ги спојува двете дела и тие стануваат единствено дело, рефлектирајќи реална слика за светската ситуација и непотребна хиперпродукција на капитализмот.

Делата на Изабела Перс ги толкуваат климатските промени преку јазикот на водата и поврзувањето на ситуации кои се слични во нивните околности, и покрај тоа што физички се многу оддалечени една од друга: од една страна, небесните атоли на Кирибати во Тихиот Океан, страдаат од ефекти од ненадеен пораст на нивото на морето и, од друга страна, територијата на североисточна Италија, која беше насилно погодена од бурата Ваја во октомври 2018 година, уништувајќи десетици илјади хектари алпски шуми. Уметничките дела претставуваат време кое повеќе не постои. Во Пиове на Пјерлуиџи Капело се вели „дрвото е наопаку, со своите корени во воздухот.“, со овие дела е претставено времето кое неможе повторно да се наврати на циклус на вечно враќање, туку наместо тоа се протега линеарно и неконтролирано низ далечните географии создавајќи слика која е надреална и е всушност претствава на нашата реалност.

Заедничката основа на делата на Прља и Перс во изложбата IN COMMON лежи во деконструкцијата на типичните практики на масовните медиуми - како во реелаборираната верзија на веб-страниците на серијата цртежи на Изабела Перс „Те аба“, или во преобоените страници на весниците кои го сочинуваат „Дневникот на катастрофи II“ на Нада Прља. Заедничката основа е во новите прашања што уметничките ги изразуваат со своите дела, преку размислување за употребата и злоупотребата на информациите и преку пребарување на критичко читање на сегашното време.

Изложбата ќе трае до 13ти февруари 2022 година. По повод изложбата ќе биде објавена и книга во која преку различни фотографии и критички текстови (вклучувајќи го и есејот на кураторот Черубини) ќе бидат претставени делата изложени на изложбата и други дела од уметничките кои ќе го продлабочат нивното истражување.

Фотографии: 

Нада Прља, Дневник на катастрофи II, 2004, 2021,
Весници со магента офсет отпечаток, акрилик боја на весник

Нада Прља, АдаН, повик за позајмување
2019-2021, 40 слики, туш на хартија

Изабела Перс, Од вода или од огледало, 2021
видео, боја, звук, 8’45“