
Иновативниот проект на Фархад Мирзаие (Farhad Mirzaie) и фирмата A.P.P. Architects & Associates, „Revolving Bricks Serai“ е динамична деловна зграда во Арак, познат како индустриски главен град на Иран. Вгнездена во станбена зона, структурата е дизајнирана имајќи ја предвид приватноста. Фасадата е од тула и наликува на бранови, овозможувајќи слободен проток на природната светлина, а истовремено попречува однадвор да се ѕирне во просторот.
Поединечните блокови, со краеви обоени во тиркизна и азурна боја, се распоредени според параметарски дизајн. Како просперитетен тренд во архитектурата, стилот генерално се фокусира на заоблени, линии и форми кои симулираат структури што се случуваат во природата; елементите одлично комуницираат и поединечно и како целина.
Алгоритмите одредуваат многу од денешните дизајни. Антонио Гауди (1852-1926) е многу заслужен за пионерските аналогни методи со неговото моделирање наопаку.
Извор: thisiscolossal.com