Петти регионален конкурс за краток расказ „Бибер“

10.12.2021 10:40
Петти регионален конкурс за краток расказ „Бибер“

 На Денот на човековите права 2021 година се отвора петтиот конкурс за краток расказ Бибер.

Кратки раскази можe да праќаат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик; афирмирани автори, како и оние кои досега немаат објавувано. 

Тема на конкурсот

Покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, предвид доаѓаат и раскази што можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази што се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство за другите, храбри раскази што се осмелуваат да влезат во „непријателска“ кожа, раскази што ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

 Конкурсот е отворен до 1. 06. 2022. 

Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:

1. награда 800 евра
2. награда 600 евра
3. награда 400 евра

Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник. Жирито го сочинуваат Лејла Каламујиќ, Калина Малеска и Оља Савичевиќ Иванчевиќ. Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2022 година. 

Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

Со овој конкурс сакаме да придонесеме и кон културата на преведување и објавување на автори/ки од нашето најблиско соседство и да ги поддржиме ангажираните автори/ки да продолжат да влијаат врз општествените промени.

Повеќе информации за условите на конкурсот и наградите можете да најдете на страницата на Бибер.  

Пишувајте и праќајте ни ги вашите раскази, не' радува читањето,

Тимот Бибер
Ана Битољану, Даворка Турк, Ивана Франовиќ, Катарина Милиќевиќ, Ќерим Ондози и Радомир Радевиќ