Дрвото што пее и ѕвони

13.12.21 15:23


The Singi
ng Ringing Tree (Дрвото што пее и ѕвони) e звучна скулптура изработена од челични цевки, која со својот благо злокобен изглед „демнее“ над чистите полиња близу Барнли, Англија. Скултурата никогаш не е мирна – воздухот струи низ неа предизвикувајќи константен звук.

Хармоничните музички особини на „дрвото“ се поради неговата структура: цевките се наредени според различната должина и се издупчени на долната страна. Звукот што се создава низ овие метални „гранки“ опфаќа неколку октави. Песната што ја создава како резултат на струењата на воздухот се менува во зависност од насоката на ветрот, но секогаш останува нескладна и мрачна.

Насловот на скулптурата очигледно потекнува од нејзината форма – наликува на дрво кое е свиено под налетот на ветрот, но едновремено ја користи неговата сила.

Скулптурата е изработена од авторите Мајк Тоник и Ана Лиу. Во 2007 оваа скулптура беше една од добитниците на Националната награда за архитектонска извонредност на Кралскиот институт на британски архитекти.

„Дрвото“ е дел од проект на East Lancashire Environmental Arts Network за изградба на серија инсталации во руралните средини. Тоа е највпечатливиот од четирите „паноптикони“ на територијата на Ланкашир, заедно со „Атомот“ во Пендл, „Шаренополињата“ во Блекбирн и „Ореолот“ во Хаслингтон.

 Извор: Atlas Obscura

ОкоБоли главаВицФото