Отворен повик за културна соработка „Некои нè нарекуваат Балкан“

14.12.2021 14:37
Отворен повик за културна соработка „Некои нè нарекуваат Балкан“

Проектот за културна соработка „Некои нè нарекуваат Балкан“ објавува отворен повик за уметници со општествено ангажирана пракса.
„Некои нè нарекуваат Балкан“ (НННБ) претставува колективен обид за истражување на можностите за нови поимања за Балканот низ уметнички истражувачки практики.

Тимот на НННБ го сочинуваат шест организации од Западен Балкан и две од Западна Европа. Заедно, преку негување на колективна пракса, се стремиме да создадеме простор во кој уметниците, истражувачите/чките, културните работници/чки и заедниците од балканскиот регион ќе ги воспостават своите гласови и идентитети како субјекти од Балканот и условите во кои размислуваме и зборуваме за Балканот.

Една од целите кои ги поставивме во овој проект е разобличување на митовите и заблудите за Балканот. За нас, проучување на балканскиот контекст вклучува соочување со проблеми кои настануваат како последица на неодамнешната историја на регионот, теми кои многумина од нас би ги одбегнале, наследените конфликти, националистичката реторика, економската нестабилност и неправедната распределба на моќ и ресурси. Затоа мораме да запомниме дека оваа работа е вкоренета во потребата одново да се проценат параметрите во кои Балканот досега бил набљудуван, перцепиран, врамуван и истражуван. Ние се стремиме да го воспоставиме зборот Балкан како термин богат со значења и обединувачки вредности.

Нашата потрага се темели на разоткривање на гравитацијата на убавината во секој чекор од овој процес, вградувајќи ја во јазикот на кој зборуваме и дозволувајќи ѝ да ги обликува исходите од нашиот заеднички труд. Според нас, убавината ја сочинуваат автентичноста и интегритетот.

За кого е наменет повикот?

Преку заедничкиот отворен повик што секој од осумте партнери го спроведува во својата земја, НННБ има за цел да создаде патувачки колектив од осум уметници, чиј што уметнички процес ќе се надоврзе на она што е создадено во претходните фази од проектот.

Ги охрабруваме да се пријават сите уметници од Северна Македонија, кои што:
ги разбираат предизвиците и комплексноста на општествено ангажираната уметничка пракса
се отворени за учество во колективен креативен процес
имаат интерес или претходно искуство со партиципативни уметнички практики се чувствуваат подготвени да ги доведат своите проекти до финална форма, вклучувајќи ја и продукциската фаза се достапни да се посветат во текот на целосното времетраење на подолу назначениот период, во рамки на соодветната динамика за секоја од трите фази

Избраните осум уметници со искуство од различни уметнички дисциплини ќе работат колаборативно, солидарно и посветено во сите фази од процесот. Се стремиме ова да прерасне во колектив на уметници мотивирани да творат со максимална свесност за својата поставеност во и во однос на балканскиот контекст и насочени кон поддршка на организациите дел од НННБ и нивните локални заедници и контексти.

Секоја од осумте партнер организации ќе го направи потесниот избор на апликанти од својата земја. Финалниот избор на осумте уметници ќе биде колективна одлука на сите НННБ партнери.

Можности и придобивки

НННБ на избраните уметници им овозможува учество во процес на учење и заедничка работа што е замислен во три фази:

мај 2022 — едномесечна резиденција во Бања Лука (Босна и Херцеговина) во просторот на културно-социјалниот центар ДКЦ Инцел. Уметниците, заедно со локални и меѓународни експерти, куратори и локалната заедница во градот, ќе работат на создавање на програмата на патувачкиот форум што ќе следи, повикувајќи се на методологијата и уметничките истражувања создадени досега во проектот, како и спецификите на секоја од локациите-станици на рутата на патувањето.

15 септември - 15 октомври 2022 — едномесечно патување низ Балканот со неколкудневно запирање во секоја од шесте балкански држави, каде што се лоцирани партнерите. На секое од овие запирања, уметниците ќе ја спроведат претходно креираната програма на патувањето, замислено како патувачко театарско дело, во кое протагонисти ќе бидат колективот на уметници, локалните организации и вклучените заедници.

ноември 2022 - март 2023 — Период во кој уметниците, по завршувањето на патувањето, ќе бидат поддржани во продуцирање на сопствено уметничко дело кое ќе биде изложено на финалната изложба на НННБ во Приштина, во просторот на социјалниот центар Термокис.

Детали:

За пријавување ве молиме следете го линкот до веб страницата на проектот https://somecallusbalkans.org/scub-activities/open-call/
а формуларот за пријавување ќе го најдете на истата страница под: Open Call [North Macedonia]
Краен рок за пријавување: 15.01.2022 година

 

ОкоБоли главаВицФото