Данела Арсовска не ја интересираат градските политики

15.12.2021 12:45

И сега, Данела ќе ги прашува скопјани на референдум за тие наместо неа да ја одгатнат најочигледната дилема. Нејзината горделивост не ѝ дозволува да си признае дека нејзините предизборни лаги се неспроведливи и наивни, па сега ќе се сомнева во некои аспекти на БРТ, кои веќе одамна се одговорени и апсолвирани (средишното зеленило, водоводната цевка под Партизанска и мостот Обединети нации). Одговорите постојат во самата проектна документација – колку зеленило треба да биде заменето и во колкав дел од трасата, какво е градежното решение над главната водоводна цевка, за потребата од нов мост (сегашниот има само две ленти во правец – недоволно за БРТ, нема велопатеки и нема тротоари). Но, таа сега ќе ја замајува јавноста со прашања што таа едноставно ги пропуштила во јавната дебата, бидејќи никогаш пред својата кандидатура не се занимавала, ниту ја интересирале градските политики.

Никола Наумоски, Front Line, 10.12.21.