Реципрочна метафора

15.12.2021 13:53
Реципрочна метафора

 

Реципрочна метафора*

Она надвор од тебе

е проекција на она внатре,

а она внатре во тебе

е проекција на она надвор.

Затоа секое зачекорување

во лавиринт надвор од тебе

е стапнување во лавиринтот

поставен во тебе.**

 

*Концептот на лавиринт потекнува од стара Месопотамија. Таму луѓето отстранувале животински црева ‒ а веројатно понекогаш и човечки ‒ и врз основа на формите што ги заземале излезените црева луѓето ја пророкувале судбината и им се восхитувале на сложените облици.

Значи, основа за формата на лавиринтот биле цревата. Со други зборови ‒ принципот на лавиринтот се наоѓа во твојата сопствена внатрешност. А тој дејствува во спрега со лавиринтот од твојата надворешна страна.

Просторите што во јазикот ги именуваме како нешто најдлабоко во нас (утроба, вагина, анус...) всушност се џебовите кон надвор, вгнездени во нас.

** „Обидот за ’осознавање на себе’, сеедно дали станува збор за човек или песна, може да произведе силен интерпретативен дискурс, но нешто клучно ќе остане неосознаено или незапазено, а односот меѓу некој текст и неговиот самоопис или самотолкување - ќе остане искосен. (...) Како што забележавме расправајќи го PARERGA, впечатокот за саморефлексивноста го произведуваат наборите. Кога некој текст врз себе отвора набори, тој го создава она што Дерида го нарекува ’инвагинарен џеб’ во кој надворешното станува внатрешно, а некој внатрешен момент се зема како надворешна позиција. Обидот на текстот да се врами самиот себеси резултира со свиткувања, склопчувања и дислокации.“ (Џонатан Калер)

Слики: Bryan Charnley, од серијата Автопортрети, 1991

 

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото