1026 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 16:59
Брајан Чарнли (1949 - 1991) бил уметник чие дело живописно ги прикажува ефектите на шизофренијата. Додека ги искусувал многуте симптоми на ова ментално растројство, Чарнли можел да создаде кохерентна визуелна и пишана евиденција за своите искуства. Неговото дело обезбедува мост кон една внатрешна егзистенцијална состојба.
Веб-страницата посветена на неговото творештво прикажува избор од неговите слики и нивниот развој до последната серија на автопортрети. Чарнли имаше намера низ творештво да ги покаже заедничкото и човечноста на страдалникот и да го илустрира она што тој или таа можеби го доживува преку универзално резонантните визуелни метафори Ова е најочигледно во Алегориските слики, Заробените глави и во серијата автопортрети.
Брајан Џон Чарнли (Bryan John Charnley) е роден на 20 септември, во Стоктон на Тес. Со својот брат близнак пораснал во Лондон, Числехарст во Кент, Кранфилд, каде што неговиот татко работел како постар предавач, и конечно во Бромхам во близина на Бедфорд. Во летото 1968 година, на 18-годишна возраст, доживеал нервен слом, но подоцна истата година можел да студира на Уметничката школа во Лестер. Се здобил со место на Централното училиште за уметност и дизајн во Холборн, Лондон, во 1969 година, но не бил во можност да продолжи поради неговата дијагноза, акутна шизофренија. Од 1971 до 1977 година живеел дома со своите родители, помеѓу периодите на хоспитализација и лекување, вклучително и ЕКТ. Во 1978 година се преселил во Бедфорд и почнал да слика. Првите слики биле репрезентативни дела вклучувајќи слики со големи цвеќиња. Од 1982 година неговите дела започнуваат да се однесуваат на неговиот внатрешен живот, соништа и ментални состојби, особено на природата на шизофренијата. Во 1984 година четири негови слики биле купени од Кралската болница во Бетлем за нивната постојана колекција. Тој имал самостојна изложба во галеријата „Драјден Стрит“, во Ковент Гарден во Лондон 1989 година и две слики на изложбата „Визии“ на Кралскиот колеџ за уметност во 1990 година. Сепак, малото признание што го добил било поклопено од секојдневните проблеми со неговата болест и тешките лекови кои му биле препишани. Неговото последно дело, серијата Автопортрети, било насликано додека експериментирал со различни дози на лекови. 17-те портрети графички го прикажуваат страшното страдање од менталната болест. Во јули 1991 година Брајан Чарнли извршил самоубиство. Потоа автопортретите беа изложена во Националната галерија на портрети во 1995 година.
Извор: bryancharnley.info