„Психосоматски импресии“ изложба на Панче Ѓоргиев

16.12.2021 13:19
„Психосоматски импресии“ изложба на Панче Ѓоргиев

Галеријата „Метаноја“ го организира отворањето на изложбата „Психосоматски импресии“ на Панче Ѓоргиев, во сабота 18 декември, од 14:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 31 јануари 2022.

За изложбата рецензентот д-р Коста Милков ќе каже: „Овој опус на дела на Панче, кого го познаваме низ повеќедецениско творештво, пројавува безрезервно и беспоштедно разголување на душата. Ова е пример на мирувањето и раздвижувањето доведени до крајни граници. Парадоксот е ставен на драматичен тест. Контемплативниот и интровертен лик или образ на Панче, сета онаа воздржаност, притаеноста и економичноста со зборовите, на белите платна се изразени преку молњи и громови. Мирувањето на духот се манифестира преку раздвижување на раката на уметникот.“

Ване Костуранов за уметноста на Ѓоргиев пишува, „Панче Ѓоргиев со децении тивко опстанува на струмичката ликовна сцена, создавајќи дела кои привлекуваат силно внимание со нивниот колорит, експресивните потези и бескрајните слоеви боја. ... Сликарството на Панче е слоевито како и наносите со бои на неговите слики. Тоа зборува на толку многу јазици и раскажува толку многу приказни.“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото