Блиску до триесеттата

17.12.2021 20:16

Глодам кокал

расфрлани списанија и драми

(вчера го забранија мракот во поезијата)

под сијалиците пече празнотијата

стомакот ми ја одредува состојбата

ладно-топло, полно-празно

а зборовите сврзници се оддалечуваат

без покрив има ли животов покритие

стравот ми е постојан маж

затоа сум без разговори за утре

го укинувам сопственото идно време

едно ќе ќе значи

грешка во чекорите

земање жива мера

(какво ли е номадското месо?)

фрлена пред ножот

веќе на ченгеле

распната

го радувам првиот муштерија

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото