Не можам да сфатам како некој воопшто може да се радува на третото вето на Бугарија

17.12.2021 22:04

Еј, пак нема датум за почеток на преговори со ЕУ. Баш фино. Ха, ха, ха… Овие од ЕУ пак го излажаа Заев. Ха, ха ха… А дека ние ако бевме власт, ќе ги фатевме во лагата.

Кого излажаа? Само Заев и СДСМ ли ги излажаа? Па, сите нас што живееме тука и 30 години мечтаеме за ЕУ нè излажаа. Еве, баш неделава се навршија точно 16 години откако Македонија доби кандидатски статус.

Не можам да сфатам како некој воопшто може да се радува на третото вето на Бугарија. Кому гледаат сеир? На некоја туѓа земја ли ѝ гледаат сеир? Уживаат дека Бугарија им ја зафркнала земјата. Ја уништува иднината на нашите деца. Тоа ли е за фаќање сеир? Тоа ли е за радување? Освен ако не им извадиле бугарски пасоши и на своите деца.

Горан Михајловски, СДК, 17.12.21.