1029 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 01:59
Од 27 до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“ по дванаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книгата во организација на издавачката куќа Темплум.
Во рамките на малиот саем во тие четири дена, на две локации, ќе се одржат седум промоции на книги, и две доделувања на награди: „Новите!“ за најдобар дебитантски ракопис, и „Лифт“, годишната награда за стрип. Доделувањето на тие две награди ќе се случи во културниот простор Центар-Јадро во вторник (28.12.21.) во 20 часот.
ПРОГРАМА во книжарницата ГЛАДНО СРЦЕ
27 - 30. 12. 2021; работно време: од 12 до 20 часот
Понеделник
17:00 „Разнишан свет“ - разговор за расказите на Ирена Јурчева
Вторник
16:30 „Животот на животните“ од Џ.М. Куци
(промотор: Радмила Пешева од „Анима Мунди“)
20:00 во КСП Центар-Јадро
Доделување на наградите „Новите!“ за дебитантска проза и „Лифт“ за македонски стрип
Среда
17:00 Промоција на Зборникот ПОПРЕЧЕНОСТ: текстови за инвалидните тела
(промотор: Гере Трипков)
Четврток
16:30 „Лагата и како ја раскажавме“ од Томи Периш
17:00 „Забранетиот плод“ од Лив Стромквист
(квир и фем графички романи)
Промовираат: Румена Бужаровска и Јана Јакимовска
Наградата „Новите!“ е ексклузивно поддржана од Комерцијална банкда АД Скопје.
Наградата Лифт#4 е поддржана од Град Скопје.