Сеќавање на Џоан Дидион. Љубовта никогаш не беше дел од нејзиниот свет

25.12.2021 15:22
Сеќавање на Џоан Дидион. Љубовта никогаш не беше дел од нејзиниот свет

Коренот на самопочитувањето е мигот кога ќе ги напуштиме невтемелените таламбасања за сопствената големина и способности и ќе ја прифатиме одговорноста за своите грешки. Овој окрутен луциден увид потекна од перото на новинарската и писателската легенда, која достојно и правовремено нè напушти вчера, во поодмината возраст на 87 години. Џоан Дидион својот митологизиран и саморефлексивен текст за самопочитта го напишала на едвај дваесетина години и го објавила во списанието „Вог“, како награда за најдобар пријавен есеј. Нејзиниот увид во поврзаноста помеѓу самопочитувањето и напуштањето на илузиите за себе си бил поттикнат од реално, емпириско потфрлање: Заради недоволно добри оцени и факултетски постигнувања, Дидион не била примена во посакуваното сестринство, па размислувајќи за својата реакција на таа умртвена надеж, сфатила дека себе навистина не се почитуваме ако не сме кадарни да го прифатиме фактот декачесто сме и самите виновни. Главната награда, патувањето во Париз, за разлика од својата славна современичка Силвија Плат, авторката на „Стаклено ѕвоно“, не ја прифатила, туку побарала хонорарно да работи во списанието како новинарка. Заради својот брутално јасен стил, метод на пишување кој сосема свесно го развил Ернест Хемингвеј, манично куцајќи и бришејќи ги зборовите, па впивајќи го отсуството на придавки и изобилството прилози – таа брзо го постигнала статусот на постојана новинарка, а пота и до местото на помошничка уредничка на тривијалното модно списание кое не можело во целост да го искористи нејзиниот писателски талент. Во збирката есеи, издадени подоцна, „Од каде потекнав“, Дидион ќе ни открие дека заради воените должности на нејзиниот татко постојано се селела, па секаде каде што доаѓала била туѓинка. Ова чувство на неприпадноста на местото и, поопшто неприпаѓањето на светот, ќе го дефинира нејзиниот есеистички стил и наративен фокус на сите нејзини романи.

Џоан Дидион децениската слава ја стекна како новинарка на афективната дисоцијација: во збирката есеи „Наведнати кон Витлаем“, сосема одвоена од објектите на своите репротажи и обилно потсмешлива кон нивната баналност, Дидион ја распарчи културата на американските хипици, вистинсите личности на неискажливо славните личности на шеесетитте и тогашната заедница на радикални феминистки. Според нејзините отровно остри есеи, хипиците од шеесетите биле збунети, глупави и растурени луѓе од сите возрасти и полови кои го симболизирале претворањето на вредностите на американското општество во нејасен хаос, а радикалните феминистки, според нејзиното перо биле приглупи глумици на декларативно фаталното уверување во сопствените ставови за столетното непријателство помеѓу угнетените жени и привилегираните мажи, но во реалноста обилно напоени со интернализирана омраза кон жените и нималку феминистички културни практики. Меѓу нејзините славни есеи, ја наоѓаме и нарацијата за средбата со членовите а исклучително славните „The Doors“. Во очите на Џоан Дидион, слепи за површни култуни илузии, „The Doors“ не биле херои, генијалци, ниту големи луѓе: легендарниот Џим Морисон е прикажан како мајмуновидно суштество кое до половина гол го отвоара и затвора патентот од своите фармерки и како дете си поигрува со запалката, неспособен да одговори на нејзините посложени прашања. Овој вид новинарство, компаративнните книжевници подоцна ќе го наречат ново новинарство, кое пасивното репортирање на фактите било сменето со речиси книжевно раскажување за објектите на новинарското дело. Во краткиот есеј „Зошто пишувам“, децении подоцна, Дидион ќе се осврне на своето уверување дека поредокот на зборовите во реченицата фатално влијае на нејзинито значење, и дека таа самата била присилена да пишува како некој што од психолошка потреба морал да бележи аспекти на надворешниот свет што ја интересирале, макар тоа го правела во својот приватен бележник. Поточно, тогаш ни кажа дека таа припаѓа на онаа сорта на луѓе кои не можат да ги остават заборавени емпириските увиди, туку мора да ги трансформираат во нешто трајно и да им додадат човечко значење. Вреди да се спомене дека збирката „Наведнати кон Витлеем“не била целосно новинарска, туку содржела и внимателно скриени автобиографски согледувања. Затоа, на внимателниот читател, или читателка Дидион ќе му довери дека е разумно да останеме свесни за тоа какви луѓе бевме некогаш, за нашите минати ликови да не тропнат на врата среде ноќ и да не се прашуваат кој ги оставил и кој ќе се откупи затоа. Факт е, нè потсетува Дидион, дека брзо забораваме луѓе и настани што никогаш не сме имале намера да ги заборавиме и дека ги туркаме настрана настаните што некогаш ги сметавме за преломни. Како луѓе, ние сме непоправливо и суштински погрешливи и склони да се лажеме себеси за да не мораме вистински да се запознаваме, но тоа, според Дидион, не е нешто од што треба да се срамиме, туку постојан аспект на човечкиот живот.

Кога во свеста ја апсолвирала улогата на емоционално дистанцирана новинарка, на која сепак повремено ќе ѝ се навраќа, како во збирката „Политички фикции“, која ги демистифицирала флоскулите на тогашните политичари, Дидион ќе се посвети на пишување на роман, кој според стилот бил амалгам помеѓу соголеното пишување на Ернест Хемингвеј и нејзината природна склоност кон змијолики зависно сложени реченици, проникнати со бројни придружни реченици. Нејзиниот прв роман, „Текот на реката“, кој критиката го сосече, наспроти некоку згодни цитати што можат да се извлечат од него, заради нејасното дејство и тендециозната карактеризација на ликовите. Своите грешки Дидион не ги повторила во својот следен роман, „Одгирај ги своите карти“, одамна адаптиран во лош нискобуџетен филм, екранизација која такво дело воопшто не ја заслужило. Романот од перспектива на објективен раскажувач во трето лице се занимава со Марија Вајт, тешко клинички депресевна неуспешна актерка, која и покрај својата класична убавина, по една лошо одглумена и едвај забележана улога, учи да се носи со фактот дека во бруталноста на Холивуд никогаш нема да стане некоја значајна личност. Стилски занимливо на компаратистите, само првиот пасус на романот е пишуван како тек на свеста на Марија. „Некои се прашуваат дали Јаго е зол. Јас никогаш не се прашаувам.“ Мариа ни признава во првата реченица на романот. Ако навистина читаме со разбирање, ќе сфатиме дека ова признание не значи дека Марија го чита невнимателно Шекспир, туку дека нејзината дисицијативна депресија е толку напредната што веќе не е способна да ги разбере културно кодираните разлики помеѓу доброто и злото. Следејќи ја празнината на нејзините денови „Одиграј ги своите карти“ ни го носи најдобриот опис на депресијата кој всушност се стеснува да го спомне тој збор: згрозувајќи се дека „ќе стане еден од оние луѓе кои оставаат празни конзерви од сардини и шишиња од бурбон во мијалникот“, Марија бесцелно се вози низ Калифорнија и без причина застанува на бензинските пумпи да купи некој газиран пијалок, преправајќи се дека нејзиниот живот и натаму има некоја цел. Во текот на непријатннот дејствие кое заради оголеноста на стилот се чита како бел блесок, дознаваме дека Марија излегува со садистичкиот режисер Картер, кој никогаш не помислил да ја стави во своите филмови се дружи исклучиво со исто токлку несреќна холивудска двојка, злобно површната Хелена и нејзиниот самоубиствено расположен партнер Б.З. Марија во некој момент сфаќа дека забременила од Картер и се колеба дали сака да го задржи: Картер, се разбира, студено навива за абортус, но Марија чувствува свевидна поврзаност со суштеството кое расте во нејзината утроба. Конечната одлука, се разбира е абортус, но начинот на кој Дидион ќе ја прикаже реакцијата на Марија на абортусот е чин на писателска генијалност.

Дидион со посвоената ќерка и со сопругот

За да не размислува за тоа што го прави - насилно отстранувајќи го од телото она што можело да ѝ стане дете - Марија почнува манијакално да се фокусира на надворешноста на сè околу неа. Марија со ситни детали ја опишува облеката на човекот ангажиран да ја однесе на абортус - дознаваме дека тој е целосно облечен во бело, со бела кошула и тесни крем фармерки - и подеднакво внимание му посветува на неговиот автомобил. Објективниот раскажувач на целата постапка нема да забележо ниту една мисла на Марија што не е очајно сосредочување на естетското. На крајот дознаваме дека просторијата каде што ќе абортира е гола и мрачна, дека бојата на ѕидовите на места отпаѓа во ленти заради запуштеност, дека ќе ја легнат на непокриен кревет и грубо ќе ѝ ги рашират нозете и дека целата работа ќе заврши за десет минути. После абортусот, Марија запаѓа во кататонична состојба која може да заврши или со хоспитализација или со самоубиство, па Марија и Б.З.го одбираат ова последново. Затворени во хотелска соба изнајмена за суицид, Марија и Б.З. ги слушаат звуците на дружење кои влегуваат низ нивниот отворен прозорец. „Слушај“ ѝ вели Б.З. „Замисли да имаш толку многу да изгубиш што за тоа би била волна да скршиш шише“. Марија и Б.З потоа со помош на бурбон голтаат цела рака седативи, надевајќи се дека по нивнито непланирано дејствување веќе никогаш нема да се разбудат. Б.З. ја погодува вистинската количина на таблети и умира, а Марија потфрла и преживува. На крајот на романот, ја затекнуваме Марија хоспитализирана во психјатриска клиника, а таа намгнувајќи ни го нуди својот последен увид во прво лице, одек на јужњачката љубов на нејзиниот татко „Сега знам што значи ништавноста и продолжувам да ја играм“.
.
Иако Дидион никогаш веќе нема да напише квалитетен роман „Одгирај ги своите карти“, нејзините следни романи - „Книга за чести молитви“, „Демократија“ и „Последното нешто што тој го сакаше“ наидуваа на голем број осврти од критичарите во тоа време. Пишувајќи за „Книгата на чести молитви“, денес анонимната критичарка забележува дека не може да верува дека некој е способен толку сурово да го прикаже односот помеѓу мајката и ќерката. Во 1970-тите, Дидион покрај нејзините писателскаи дека кои ги вклучуваа автобиографски збирки есеи „Бел албум“ и „Ел Салвадор“, се мажи со богатиот сценарист, Џон Дан иако нивната љубов била првенствено платонска. Во биографскиот филм за нејзиниот живот, кој не беше баш најдобар, направен само пред неколку години, средиштето се поместува, остарена, болно слаба Дидино, облечена во сиво кашмирско палто што ја нагласува сивкастата кожа затегната преку нејзините коски на лицето, студено ќе кажедека никогаш не се вљубила и дека едноставно љубовта не била дел од нејзиниот свет. И навистина, романтичните односи во нејзината новинарска работа секогаш беа претставени со голема доза сарказам, а сите врски во нејзините романи се длабоко несреќнни, за да нè научат на нешто друго и потажно за вистинитоста на човечкиот живот. Дидион целиот живот била есенцијално невротична жена: нејзините преживеани пријателки во биографскиот филм ќе раскажуваат за тоа дека Дидион никогаш не појадувала, туку дека со очила за сонце се симнувала од својата спална во дневната соба кде во тишина ја пиела својата конзерва диетална кока кола. Често страдала од болни мигрени, а повремено како Марија од нејзиниот најдобар роман, запаѓала во кататонични состојби кога можела да јаде само услуѓно донесена бистра супа. А бидејќи Дидион била ситна жена од 150 сантиметри и триесетина килограми, не можела да забремени, таа и Дан ја посвоиле ќерката Квинтана, која заради вродени болести умрела на жалосна возраст од 39 години. Оваа загуба на ќерката Дидион ја опишала во автобиографската книга „Сини ноќи“, фантастичен есеј од двестотини страници кој во наследство ни остава и следната реченица, безвременски чин на утеха: „Ја затворив кутијата и ја ставив во орманот. Невозможно е да се носиме со сè што сме изгубиле“.

Слично на „Сините ноќи“, магнум опус на Дидион е всушност нејзината автобиографска книга „Година на магично размислување“, есеј за жалоста, кој рапидно го создала откако го пронашла својот сопруг и најдобар пријател, мртов од инфаркт во дневната соба. Во „Година на магично размислување“, Дидион ќе забележи дека „животот се менува во еден најобичен момент“ и дека заради отсуството на една личност „целиот живот може да ни се испразни“. Подетално, Дидион во „Година на магично размислување“ прв пат емоционално ќе ни довери дека жалоста е местото во кое никој од нас не може да проникне додека навистина не го искусиме. Иако знаеме дека нашите ближни се смртни, додека навистина не умрат нема да се претвориме во замрзнати фигури кои јадат само донесена пилешка супа и очекуваат сопругот наскоро да се врати да си ги земе чевлите. Според Дидион, жалоста фатално нè потсетува на нашата човечност, зашто жалењето по личност што починала исто така жалиме по претходната верзија од себе си, битието што умрело заедно со личноста што сме ја сакале. Болно луцидна дури и во најтешките моменти, Дидион ќе напише дека мртвите сакаме да ги одржиме живи за да ги задржиме со себе, но ако сакаме да тргнеме понатаму мора да ги оставиме на мртвите. Во „Сини очи“ и во „Година на магично размислување“ самосожалувањето го заменила со строгост кон ослабената себе си. Во „Сини очи“ Дидион ни наредува да „не се цвили и да не се жали. Повеќе работи. Повеќе времепоминува сама“, а во „Година на магично размислување“, таа нè упатува кон книжевноста како кон лек за жалоста, затоа што „информираноста е контрола“.

Кога светот ја загуби Џоан Дидион, не изгуби само првенка на новото новинарство и врвен автобиографски писател, туку и единствена и не толку пријатна личност која живееше на нејзиниот начин до последен момент: без појадок, од утро покриена со очила за сонце и жед згасната само со кока кола. Покрај тоа, Дидион на многу начини личеше на нејзината измислена Марија. Како што ќе истакне нејзината најжестока критичарка, Барбара Гризути Харисон (Barbara Grizzuti Harrison), во есејот Само-дисоцијација, Дидион отсекогаш избирала фокус на естетиката над длабоко човечките емотивни согледувања, нешто што, ако сме злонамерни, може да го исчитаме како површност. Но, она емпириското и она естетското, Дидион секогашго перципирала како сидро за кое може да се фатиме кога, како во насловот на нејзината биографска емисија, средиштето ќе почне да се придвижува затоа што можеме да бидеме сигурни дека е вистинско. Гризути Харисон за едно имала право: темите на Дидион никогаш хипиците, ниту ѕвездите на шеесетитте. Нејзината тема секогаш била таа самата, прикриена со слоеви од лажни субјекти кои служеле како катализатор за спознавање на она што Дидион навистина ни го оставила како безвременско наследство: увид во она што значи да се биде мислечко човечко битие.

Извор: ideje.hr

 

Слични содржини

Книжевност / Култура / Историја
Книжевност / Култура / Историја
Книжевност / Култура / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото