Славни коњи – измислени и вистински

27.12.2021 15:19
Славни коњи – измислени и вистински

Во приказните се раскажува дека коњот бил првото животно што го припитомил човекот, па затоа не е чудно што се заедно од памтивек и во преданијата и во реалниот живот. Низ античкиот свет каскаат Арон на јуначкиот Херакле и Хипокампус, морскиот коњ на Нептун; врховниот нордиски бог Один го јава осумногиот коњ Слејпнир; Мухамед, пророкот на Алах, по патиштата одел со Ал Борак; Сидарта Гаутама Буда го сакал коњот Кентакa, а кралот на Келтите, Артур го имал коњот Ламри.

Помеѓу измислените коњи на тркалиштето на детската фантазија се: Бела Грива според истоимениот роман на Рене Гијо (1900 – 1969); Илчи, коњот на поглавицата на Апачите, Винету, јунакот на германскиот писател на романи Карл Мај (1842 – 1912); Херој – коњот на непобедливиот Фантом; Џоли Џампер, насмеаниот коњ на Талични Том. Тука се и Торнадо и Фантом на одмазникот Зоро, Кошмар, коњот на Добриот дух Каспер, а и коњот Сенка на волшебникот Гандалф од „Господар на прстените“.

Коњите кои не биле измислени а се стекнале со слава на бојното поле биле: Магнолија на Џорџ Вашингтон (1733 – 1799), првиот претседател на САД, потоа Маренго, на Наполеон Бонапарта (1769 - 1821), а исто и коњот Копенхаген кој му служел на војводата од Велингтон, победникот во битката кај Ватерло (1815).

Би било грешка да не се спомене и најдобриот тркачки коњ на сите времиња, Секретеријат, кој со право го викале и Големиот црвен и кој во 1973 година бил прогласен за најдобар спортист во САД.

 Извор:  politikin-zabavnik.rs 

Слични содржини

Наука / Екологија / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Теорија / Историја
Екологија / Живот / Око
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото