Талентираната свиња-сликарка

31.12.2021 15:49
Талентираната свиња-сликарка

 


  Кога во 1964 година во шведскиот град Гетеборг биле изложени дела од современи сликари од повеќе европски земји, меѓу нив се нашле и неколу дела од еден нов, дотогаш непознат уметник, Пјер Брасо. По неколку дена и по главно одлични критики, новинарот Аке Акселсон открил дека францускиот уметник бил заправо шимпанзо. Тоа претставувал дел од неговиот прилог во кој докажувал дека повеќето „стручњаци“ воопшто не ја разбираат апстрактната уметност и дека нивниот суд нема никаква тежина, штом биле измамени од цртањето на еден примат.

Пред неколку години се истакна уште една уметница од животинскиот свет. Како и Брасо и Пигкасо е сликарка, само што никогаш не била дел од некоја вешто осмислена измама. За да го истакнат незината креативен талент .ја нарекуваат Пабло Пигкасо. А малку ндостогло никогаш да не ги создаде делата што денес се продаваат ширум светот.

Со носот по платното

Пигкасо со раѓањето веќе била пред блиска смрт. Се наоѓала на имот во близина на ејптаун во Јужна Африка, од каде животните по извесно време завршувале во кланица. Таква би била и нејзината судбина да не дошла еден ден во посета Џоана Лефсон. Тоа се случило во 2016 година, кога свињата и сестра ѝ Роузи имале само два месеци. Лефсон, која била страствена борка за павата на животните, тогаш градеа азил каде имала намера да ги смести спасените животни, па оваа средба со двете прасиња-сестри се случил во вистински момент. Двете ги спасила од канџите на сигурна смрт и им овозможила да живеат многу поубави, посреќни и послободни животи.

Пигкасо многу брзо се опуштила во новото опкружување. Како и повеќето прасиња, не бирала што ќе загриза и проголта, макар тоа да било нешто целосно нејадливо. Џоана, меѓутоа, забележала нешто многу интересно. Четките биле единствените предмети што не се обидувала да ги соџвака и изеде. Со нив само шетала по имотот носејќи ги во забите.

Сопственичката насетила дека зад обичната игра се криело ншто повеќе, па на прасето му набавила сликарски четки и бои и ја ставила пред штафелај. Не морала да чека долго за нешто да се случи. Пигкасо со забите ја зела четката и почнала „да игра по платното“, како што објаснува Џоана. Тогаш настанала и првата о низа експресионистички слики по кои ќе се прослави.

За оваа необична уметнца напраиле посебна четка за да ѝ ги олеснат движењата. Таа користи и исклучиво бои без отровни состојки што се безбедни и за деца. Кога ќе ја заврши сликата, обично ја „потпишува“ допирајќи ја со носот измачан со боја, во аголот од платното. А кога ќе се самори од напорната креативна работа, Пигкасо ја надополнува енергијата со своите омилени грицки: пуканки со карамела.

Изложбата „Гро“

Благодарение на социјалните мрежи нејзините дела набрзо го привлекле вниманието на љубителите на уметноста. Тие не само што упатувале пофалби, туку нуделе и пари за да ги купат платната, дури и по неколку стотини долари. Со растот на славата на Пигкасо растела и вредноста н сликите. Денес цените се движат помеѓу 500 и 1700 долари, а вкупно доега заработила околу 145 000 долари. Џоана Лефсон сите пари ги вложува во азилот за да го прошири и да создаде уште подобро засолниште за новите животни. Така, славната сиња на некој начин станала и глаата на семејството бидејќи обезбедува пари речиси за се’ што е потребно за имотот. Дел од заработката ја вложуваат и во разни образовни програми со помош на кои Лефсон сака да ја разбуди свеста на што поголем број луѓе за ужасните услови во кои се одгледуваат животните и за тоа како умираат.

Пигкасо влегла во историјата како единственото животни што имало самостојна продажна изложба, во галеријата во Кејптаун во февруари 2018. Поставката била насловена „Oink“ (или, на македонски, „Гро“) и била многу успешна. Сликите завршиле ширум светот – во САД, Малезија, Јужна Кореја, Велика Британија, Холаднсија. Тогаш и познатиот швајцарски производител на часовници „Своч“ направил модел на рачен часовник со нејзините слики што се продавал по цена од 120 долари. И сиот приход бил врачен како помош за азилот.

И покрај вртоглавиот успех, Џоана истанува дека Пигкасо останала скромно животно. Нема никакви посебни барања и парите по себе не ја интересираат. Најубаво се чувствува во природа. Ѝ останув само и натаму да слика, а судејќи по заинтересираноста на купувачите, кариерата ќе ѝ потрае. Се работи главно за луѓе кои зад нејзините, на прв поглед хаотични дела, не бараат посебна смисла и значење, туку само уживаат во необичните движења со четката и во живите бои.

Извор: Политикин забавник

ОкоБоли главаВицФото