Мувлосана уметност

05.01.22 11:42

 

Даша Плесен (Дариа Федорова), уметница од Москва, интервенира во природните процеси на распаѓање, потенцирајќи ги текстурите и боите и туркајќи ги границите на науката и уметноста. Таа во лабораториски садови за култури става разновидни бактерии и други организми, а потоа става додатни елементи како шеќер или плишани топчиња. Овие вештачки проиведени додатни материјали го спречуваат растот за да произведат разновидни нијанси и структури и да култивираат необични композиции на неприродно заситени бои, влакнести грутки, и слуз.

Бидејќи не користи антибиотици или други третмани што би ги спасиле габите и спорите од уништување, на нејзините дела им е потребно помеѓу три и четири недели да се материјализираат. Таа вели дека проектот започнал од „идеја за микробиолошко мапирање на околината“:

„Сите ние пливаме во океан од ситни спори и организми, ги вдишуваме, и ги носиме врз нашата кожа и внатре во телото. Ме интересираше оваа паралела помеѓу физичиот свет што можеме да го видиме и допреме и оној друг физички свет еднако присутен, но своевидно метафизичи, невилив, некаде помеѓу слоевите воздух, вибрациите, енергиите, природата. “

Овие дела се полни со прашања за човековото наметнување, вештачкото, цикличните процеси, и инхерентната убавина на распаѓањето.













Портфолиото на Даша Плесен може да го погледнете овде.

Извор: This is colossal

ОкоБоли главаВицФото