Очила за снег: инвентивната технологија на домородните култури

06.01.2022 14:44
Очила за снег: инвентивната технологија на домородните култури

 
  Во снежната Алјаска, ако минете часови под сјајното пролетно или летно сонце, ризикувате да добиете снежно слепило – изгореница на рожницата од рефлектираната ултра-виолетова светлина.

Со илјадници години домородните луѓе во таа област имале технолошко решение: очила за снег, изработени од парче коска, дрво или друг материјал, со тесен отвор во нив. Тие многу го намалуваат отсјајот и ги заштитуваат очите од повреди.

Овие очила можат дури и да го поправат видот, како што открила Ен Фиенап-Риордан во 2010, антропологинка која работи со заедницата Јупик. По операција на рожницата видот ѝ бил прилично замаглен, но кога ги ставила очилата што ги користеле Јупик – можела да гледа.

Тесниот отвор ја фокусира светлината, и како резултат, далечните предмети делуваат поостри, а видот е подобар. Значи, долго пред измислувањето на очилата со стаклени или пластични леќи, заедницата Јупик развила сопствени корективни направи за вид.



Оваа опрема е само еден од доказите за исклучителниот инженерски талент на заедницата Јупик. Тие немаат домороден збор за „наука“, но низ времето имале добро разбирање на законите на физиката, биологијата и хемијата во природниот свет. Го користат секој материјал што можат да го најдат за да изработат алатки и облека што ќе им помогнат да преживеат во сурова, заканувачка околина.

За да се стоплат во своите дрвени живеалишта направиле влез во куќата, наречен qasqi, кој претставува тунел во земјата во форма на буквата U. Така топлиот воздух тој не може да избега надвор низ подземниот излез.
За да останат суви нанесуваат водоотпорен слој на облеката од кожи од риби.

Кога ловат и риболоват, луѓето Јупик секогаш носат со себе negcik – дрвен стап со коскена кука прицврстена на едниот крај, која се користи на разни начини: за дофаќање предмети од кајаците, за заштита од мечки или за извлекување од вода при неочекуван пад кога нема друг во близина.

Секако дека оваа домородна технологија е многу одржлива и ништо не оди во отпад. Жените плетат удобни чорапи од трева која ја обработуваат во влакна кои се толку силни што може да се користат во изработката на појаси за кучиња.


Сепак, некои постари членови на заедницата се заржени дека потпирањето на модерни западни стоки и на урбаниот живот го поматува користењето на креативните традиции, кои сепак, се’ уште доволно луѓе ги користат за да се паметат.

Но се појавува нов проблем што ги попречува со генерации старите сезонси шаблони на живот. „Океанот веќе на замрзнува како порано“, вели Финап-Риордан, „До замрзнуање доаѓа подоцна, наесен, а кршењето настапува многу порано, напролет. Навистина е неверојатно.“ По илајдници години инвентино преживување на температури под нулата, заедницата Јупик има нов инженерски предизвик: како да се адаптира на потоплото време.

Поврзано: 
Инуитска картографија
Откриени детски отпечатоци во пештера од пред 200 000 години

Извор: Smithsonian Magazine

Слични содржини

Технологија / Историја
Свет / Технологија / Историја
Графички Дизајн / Наука / Технологија
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја
Технологија / Живот / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото