Викенд со мајка ми и нејзиниот љубовник

06.01.22 16:20

  Фотографката Ешли Маркл ги обработува темите на идентитетот, испитувајќи ги деликатните лични релации и начините на кои ги отелотворуваме искуствата од детството. Серијата „Викенди со мајка ми и нејзиниот љубовник“ ги истражува релациите меѓу неа самата, нејзината мајка и нејзиниот очув и начините на кои нивната динамика се менувала низ годините, додека врските меѓу нив се зајакнувале и се продлабочувале.

„Низ леќата играм со интервенции во набљудувањата и конструирани сцени со цел да испитам како динамиката на секоја индивидуална релација влијае врз динамиката на нашето семејство“, објаснува таа.

Серијата опфаќа низа фотографии со кореографирани моменти на потсвесна комуникација, кои ја илустрираат повеќеслојната коплексност на семејните врски.

























Извор: This Is Colossal


ОкоБоли главаВицФото