Фантазира ли Бугарија идно дестабилизирање на Балканот?

07.01.2022 13:33

Зошто бугарската политика ја ползува „руската матрица“ во „зацртувањето“ на своето право врз „единствената историска вистина“? Јасно е што сака Путинова Русија кога тој говори дека се загрозени правата на Русите во Украина. Зашто премиерата на таа стратегија е веќе видена со Кримското сценарио. Но што сака Бугарија кога говори дека се загрозени правата на бугарското малцинство во Северна Македонија? Во Путиновата само божемна фиксација за историјата и за љубовта кон братскиот украински народ не е тешко да се препознае империјалистичкиот стремеж на Русија во реставрацијата на „рускиот свет“. Не е јасно што е вистинскиот мотив на Бугарија во нејзината фиксација за „историската вистина“ за Македонците. Фантазира ли и таа со можното идно дестабилизирање на Балканот, па затоа сака во ЕУ уште сега да го „патентира“ своето исконско право врз територијата на Македонија како „историски бугарска територија“?

Кица Колбе, Дојче веле / Окно, 03.01.22.

 

ОкоБоли главаВицФото