1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 20:59
Исус разговарал со еден свој ученик.
- Господе мој, зошто на луѓето си им дал уши, кога не Те слушаат?
- Сине мој, во 2020-та ќе има голема пандемија.
- И тогаш ќе почнат да Те слушаат?
- Не, ама ќе им треба нешто за да ја закачат маската.
***
Два крта разговараат во Македонија и едниот вели:
- Не можам да верувам во каква земја живееме!
***
Седи човек покрај езеро и фрла во него кисело млеко. Поминува човек и му вели:
- Џабе го потквасуваш, не фаќа, тоа е вода.
- Знам – одговара човекот – ама, па, замисли да фати!
***
Ми велат дека сум преоптимистичен, но јас тука не гледам ништо лошо.
***
Колку повеќе те боли уво, толку помалку те боли глава.
Дошол политичар во село и ги прашал селаните какви проблеми имаат.
Му рекле: „Имаме два проблема. Првиот е, имаме болница, а немаме доктор.“
Политичарот веднаш свртел на мобилен, кратко зборел и кога завршил им рекол на селаните: „Средено, утре ви доаѓа доктор. А кој ви е вториот проблем?“
„Немаме сигнал за мобилни телефони.“
***
Прашуваат познат политичар:
- Кажете ни, како живеете?
- Па зависи, како се земе.
***
Страдам од клептоманија. Кога состојбата ќе се влоши, земам нешто, да се смирам.
***
- Шефе, денес нишо не сработев.
- Само отпуштено.
Ветеринар на лекар
Отишол ветеринар на лекар.
- Ве молам, кажете ми каде ве боли - рекол лекарот.
- Е па лесно е така - рекол ветеринарот.
***
Докторот ми соопшти дека слухот ми е оштетен.
Тешко ми беше тоа да го чујам.
***
Дошол Трпе на лекар:
- Докторе, ми помодре десниот тестис.
Докторот левтерно погледнал и рекол:
- Ништо, Трпе, мора да се сече.
По две недели дошол Трпе пак:
- Леле, докторе, ми помодре и левиот тестис!
- Ништо Трпе, мораме и него да го сечеме.
Но, Трпе дошол пак:
- Аман, докторе, помогај! Сега и пенисот ми помодре!
Докторот ставил наочари, стручно погледнал и рекол:
-Па тебе, Трпе, фармерките ти пуштаат боја!
***
Психијатарот: Повелете, зошто сте дојдени при мене?
- Дојдов кај тебе бидејќи не можам да дојдам при себе.
Сношти се начукав и си велам себе:
- Е богами веќе нема да пијам!
Утрово се будам и размислувам:
- Па нема мене пијан човек да ми збори што треба да правам!
***
- Дали би сакала да излезеш надвор после пијачкава?
- Јас имам дечко.
- Добро, ама јас треба да ја затворам кафанава.
***
Дечкото: Извини, проклетата предвремена ејакулација...
Девојката: Што па ти толку се возбудуваш...
Духот: Докторе, лошо ми е!
Докторот: Гледам, блед сте ко крпа.
***
- Дали и ко малецок бев олку одвратен и страшен?
- Батка, коа игравме миженка, не те ни баравме!
***
- Келнер, може ли пилево да ми го допечете?
- Зошто?
- Па ми ја јаде салатата низ чинијата.
***
Црквата не работи.
Пољубив врата.
Си биле Видео Подгорец и Владимир Надзор и влегле во кафана.
Дошол шанкерот и им рекол:
- Што е ова, бе, „кафаната е под видеонадзор?!“
via Татјана Б. Ефтимоска
***
На писател и писателка не им успеала врската зашто не им било пишано.
via Трајан Трајановски
***
- Што прави мечувалецов кај тебе дома?
- Ме чува.
via Тања Аждаја
***
Човек му се жали на шефот на европската мисија во Скопје:
- Има две причини поради кои сме во паника. Првата е: се плашиме дека ЕУ ќе нè напушти и ќе дозволи да потонеме, не само економски…
Шефот веднаш го прекинува и му вели:
- Можете да ни верувате, нема да ве напуштиме, строго ќе ве контролираме и ќе ве советуваме што треба да правите!
- Па – му одговара човекот смирено – таа е втората причина.
via Злате Лозановски
Карикатури: Mark Parisi