Молба

10.01.2022 00:13

Нека продолжи ова големо судење
без судии и без порота
во тесните коридори од наслутувањата
без распит и без друго мнение

Врз ѕидовите нека се пишува
и од аглите нека се вџашува
загадочното обвинение

Нека стегаат невидливите вериги
и сончевината нека минува низ решетки
додека сум жива


Ти не биди судија
биди сведок на мојата правдина
невина или крива

 

Радмила Трифуновска (Скопје, 28 мај 1939 - Скопје, 13 септември 1994) - новинарка, поетеса и писателка.

Авторка е на збирките поезија „Црна птица“ (1968) и „Црни треви” (1970), и на збирките раскази „Жена и војна” и „Враќања”.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото