Српски мигови ги надлетаа кафезите со кенгури во белградската зоолошка градина

10.01.2022 13:48
СРПСКИ МИГОВИ ГИ НАДЛЕТАА КАФЕЗИТЕ СО КЕНГУРИ ВО БЕЛГРАДСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

БЕЛГРАД, 8 јануари 2022 – Србија е спремна на реакција доколку австралиските власти не дозволат влез во земјата на Новак Ѓоковиќ, а доказ за сериозноста на ситуацијата е тоа што авиони на српската војска утрово ги надлетуваа кафезите со кенгури во белградската Зоолошка градина.

Да потсетиме, најдобриот тенисер на светот е задржан на аеродромот поради проблеми со визата, а загрозено му е и учеството на овогодинешниот „Австралија опен“.

„Србија нема мирно да набљудува малтретирање на нашите граѓани каде било во светот“, беше јасен министерот за одбрана Небојша Стефановиќ. „Државата и армијата се спремни да одговорат на секоја провокација и јасно да покажат дека секогаш ќе го браниме нашиот народ. Сите будно ја следиме ситуацијата во Австралија и се надеваме дека разумот и дипломатијата ќе победат. Со наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската е ставена на готовс во случај на ескалација на проблемите и со цел на сите да им се даде до знаење дека сме сериозни во нашите намери“, истакна тој.

Во текот на денот „миговите“ на српската армија повеќепати, во низок лет, ги надлетуваа кафезите во кои живеат кенгури, а во самата близина забележано е и движење на копнените сили.

Воено-политичките аналитичари сметаат дека ова е добар потег и дека Србија мора да покаже решителност во оваа ситуација.

„Реакцијата можеби делува претерано, меѓутоа е потполно оправдана во моментов“, смета Ѓорѓе Спасиќ од Институтот за меѓународна безбедност од Сремска Каменица - „Важно е на меѓународната заедница да ѝ се прати јасна порака дека Србија стои зад своите граѓани, каде и да се наоѓаат. Моите извори јавуваат дека ваквиот потег од српска страна предизвикал голема вознемиреност кај австралиската влада и кај воениот врв. Според она што го слушам, тамошните власти подготвуваат излезна статегија со цел да се извлечат од непријатната ситуација со што помалку политички последици“, објаснува Спасиќ.

Извори од Зоолошката градина јавуваат дека кенгурите се загрижени поради затегнувањето на односите помеѓу двете држави и ги повикуваат двете страни на компромисно решение.  

Извор: Њуз

ОкоБоли главаВицФото