Музејски експонати што прикажуваат зимски идили

10.01.2022 15:18
Музејски експонати што прикажуваат зимски идили

Стапалки во снегот

Утагава Хирошиге (1797–1858) бр. 16. Ноќен снег во Камбара. Јапонија, околу 1833-1834

Овoj дрвопис е дел од серија од јапонскиот уметник Утагава Хирошиге „53 Станици во Токаидо“. Серијата е базирана на неговите патувања по патот во Токаидо и била објавена во раните 1830-ти. Патот бил еден од наважните транспортни рути на источниот брег во Јапонија за време на периодот Едо (1603-1868). Оваа ноќна сцена прикажува станица прекриена со снег во Камбара.

Санка

Држач за луле од раниот 18 век декориран со зимска сцена од Делфт, Холандија. На него се насликани лизгачи на мраз, наспроти зимска заднина од голи дрвја и згради под снег.

Древен детски костим за снег

Овој детски костим за снег е дизајниран да заштити од екстремната клима на островот Иглулик (во Нунавут, северна Канада), каде температурите може да паднат под -30 степени. Изработен е од крзно од ирвас и е многу издржлив и необично топол.

Ирвасот што плива

Издлабен рог од мамут. Изработен во Европа пред 13 500 години.

Оваа скулптура прикажува поголем машки ирвас кој следи помала женка. Дете животни имаат рогови што укажува дека се работи за есенско-зимска сцена. Со главите повлечени наназад, кренатите носови и истегнатите нозе, ирвасите изгледаат како да пливаат, при една од нивните миграции кон зимските предели за парење. На крајот од последната Ледено Доба, луѓето ловци ги следеле ирвасите и од нив зависеле за храна и материјали. Овие патувања веројатно ги создале приказните кои можеби биле магички како оние модерните за летечките ирваси.

Зимската рамноденица во Стара Грција

Печена глина. Посејдон или Зевс вози кочиј со четири коњи. Изработено во Пуља, Италија, 300 п.н.е. – 200 п.н.е.

Прославите на рамноденицата му оддаваат почест на сонцето. Зимската рамноденица и најраткиот ден се паѓа во декември за северната хемисфера. Старите грчки календари варирале од град до град, но во некои календари, месецот околу зимската рамноденица бил именуван според Посејдон (богот на морето во грчката митологија) – и покрај тоа што Грците вообичаено не пловеле за време на зимските месеци.

Снешко

Што е зимата без снешко? Изработката е на американскиот графичар Хорас Девит Велш и прикажува две мали деца загледани во импресивно висок снешко, со цилиндар и луле. 

Лизгачка двојка

Порцеланска фигура. Изработена во Лудвигсбург, околу 1765-1770.

Оваа двојка е едена од четирите модели изработени од скулпторот и медалист Јохан Адам Бауер (1743-1780) од кои секоја изразува различно годишно време. Оваа ја претставува зимата.

Снежната планина Каилаш

Слика на Шива и Парвати на панината Каиласа. Индија, околу 1800.

Сликата го претставува хиндуистичкиот бог Шива со неговата жена, божицата Парвати. Тие седат на врвот од планината Каилаш, прекриена со снег. Шива е прикажан како седи на кожа од Тигар, со кобра околу вратот. Придружени се од нивните животни, бик и тигар. Планината Каилаш се верува и дека е дом на Буда Чакрасамвара. Илјадници Хиндуси и Будисти ја посетуваат планината секоја година, пеш кружејќи околу неа.


Извор: British museum

ОкоБоли главаВицФото