Разгатнување на светот

10.01.22 15:48

Во серијата Sensemaking (Пронаоѓање смисла) американскиот уметник Пет Пери прикажува тивки сцени покрај патишта и перформанси на костимирани фигури и современи симболи. Така уметникот се спротиставува на американската традиција на доловување на светот преку единечни, еднодимензионални наративи и зема спротивен пристап, раслојувајќи ги делата со контрадикции, комплексност и необични детали кои го одразуваат актуелното време.

Во суптилни палети, неговите цртежи и слики влечат од визуелниот лексикон на животот на американскиот Среден запад (деца што играат на напуштени цевки во поле или осамена фигура што седи на картонска маса на тротоарот), иако содржат имагинативни пресврти и нијансиран општествен коментар: базени поставени под надвозник, банери со реклами од Креглист, и минливи трендови на социјалните медиуми испечатени на големи постери. „Овие слики и цртежи нудат весел поглед во еден измислен свет, блиско поврзан со нашиов, кој се обидуваме да го сфатиме“.





















Извор: This Is Colossal

ОкоБоли главаВицФото