Најдобрите вицови на Окно во 2021 (2)

10.01.2022 18:11
Најдобрите вицови на Окно во 2021 (2)

 

Барменот: - Вечерва не служам никого.
Јас: - Ајде бар мене.

***

Дождот: - Да тргнам?
Небото: - Тргни. Јас се облакам.

***

Зошто кучето лошо игра фудбал?
- Зашто има две леви нозе.

***

Шкотланѓанец купил нов килт и излегол во град. Го сретнал другар и му кажал:
- А, фино си се шкоцкал.

***

Како се поздравуваат воајери?
Се гледаме.

 

Како им е на порно глумците на работа?
На порно!

***

- Зошто фотонот оди во теретана?
- Зашто нема маса.

***

Што прави јапонски готвач откако ќе ги измие алиштата?
- Суши.

***

Како се вика местото каде што жените одат да ги оперираат усните?
- Установа.

***

- Наставничке, ве молам да ја поправите оцената на ќерка ми, единица е во прашање.

 

Русин што пуши три цигари?
- Димитри.

***

- Кај нас дома сите се бавиме со столарија.
- И твојата жена?
- Да, и Верица.

***

Зошто на музичарот му отекуваат нозете?
Има тромб он.

***

Се чудат двајца Римјани.
Гај Октавиан:- Ау, густ е сообраќајов.
Марко: Ау, рели е.

***

Зошто Цезар носи сандали?
Па јули е.

 

Седела слива на клупичка и плачела.
Поминала рибизла и ѝ рекла:
- Што си се распекмезила?

***

Како се вика костур што носи кожна јакна?
- Коска и кожа.

***

Во кафуле влегол човек со питбул.
„Дали служите деца?“, прашал човекот.
„Да, служиме“, одговорил барменот.
„Одлично. Дајте му тогаш на кучево две деца, а мене дупло виски.“

***

- Комшике, дали слушнавте дека на Ружа ѝ почина и петтиот маж? Вчера го кремираа.
- Ех, што ти е живот! Некои не можат да најдат ни еден, а Ружа ги ложи ко дрва!

 

Кога нема бело вино е супер!

***

Може ли чоколадното млеко да се пие топло?

***

Колку чини печено пиле, живо ме интересира.

***

Имаат толку мала куќа што џамбо пицата мораат да ја јадат во двор.

 

- Во градот има триесет пет шопови, а јас не можам да најдам храна за рипчиња!
- Ма нема 35.

***

- Жена на која сите ѝ велат дека личи на мала кобила?
- Понижена.

***

Дали жена која се вика Вишна може да роди зиме?

***

Дали кај вас напаѓа снег?
- Не, кај нас се брани.

Карикатури: Mark Parisi

 


 

Слични содржини

Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Книжевност / Живот
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото