Шпанската писателка која доби награда од 1 милион евра – се всушност тројца мажи

10.01.2022 17:31
Шпанската писателка која доби награда од 1 милион евра – се всушност тројца мажи

  Добитничката на шпанската книжевна награда „Планета“ за 2021 во износ од еден милион евра е Кармен Мола, професорка и мајка на три деца која пишува под псевдоним за да ја заштити својата приватност. Но, кога на свеченото доделување на наградата го прочитаа нејзиното име, на сцената се појавила тројца мажи, предизвикувајќи сеопшта збунетост.

Тие се Хорхе Дијаз, Агустин Мартинез и Антонио Мерчеро, шпански сценаристи кои во слободно време очигледно пишуваат романи под женски псевдоним.

Кармен Мола ја доби наградата за историскиот трилер Ѕвер (La bestia) кој се бави со убиства на деца во Мадрид во време на колера во 1834 година. Славата како најдобро продавана авторка, пак, ја стекнала благодарение на популарната трилогија за детективката Елени Бланко која „сака ракија, караоке, стари автомобили и секс во теренски возила“, како што стои на страницата на издавачот Penguin Random House.

„Кармен Мола не е универзитетска професорка како што говоревме“, изјави Диаз откако ја примија наградата. „Ние сме тројца пријатели кои пред четири гоини одлучија дека заедно ќе раскажат приказна. Не се снајдовме баш - одеднаш сите сакаа интервјуа и преводи на книгата па моравме набрзина да смислиме нешто за Кармен. Така излезе дека е професорка која има три деца и во слободно време пишува.“

Додале дека псевдонимот го обрале сосем случајно, без размислување за полот или за можните импликации на изборот.

„Не знам дали под женски псевдоним би продале повеќе книги отколку под машки, немам поим, но се сомневам“, изјавил Мерчеро. „Не би рекол дека се скривме зад жена – се скривме зад име“.

Меѓутоа, не сите беа одушевени од нивното „разоткривање“. На пример, писателката Тахмина Анам е директна: „Можам да разберам зошто тие тројца би сакале да пишуваат под туѓо име. Но мислам дека мажите не би требало да пишуваат под женски псевдоним, поради прашањето на моќта. Жените постојатно мора да размислуваат за моќта и за привилегијата“.

Извор: Vox Feminae

ОкоБоли главаВицФото