Ногопис во снегот

11.01.2022 00:57
Ногопис во снегот

Некогаш трагите од животни на земјата или на снегот се лесно воочливи, како да се уметнички дела, понекогаш се малку нагризени од дождот, од наглото топење на снегот, од минувањето на возилата или други животни, па нивното препознавање е отежнато.

Отпечатоците во снегот се само дел од сликата за животните што ги оставиле. Покрај нив често има и бројни други знаци кои помагаат полесно да се открие кој живеел или минал тука. Така, на пример, како додаток на отпечатокот на мажјакот фазан обично останува и темна трага од неговиот опаш, а неретко и лепеза настаната со мафтањето на крилата на исплашената птица која се вивнува кон небото.

Јазовец

Трагата од неговата шепа е заоблена, долга од 5 до 7 центиментри, широка 4 центиметри. Покрај главното перниче се втиснуваат четири или пет ножни прсти. Канџите јасно се исцртуваат.



Црвена лисица

Трагата од нејзините шепи е долга околу 5 центиметри, а широка 4; се гледаат четири од пет ножни прсти, предните се поистурени отколку кај кучето.



Срна

Трагата од копитото е остра и симетрична. Долга е околу 4.5 а широка 3 цм. Трагите од црвениот елен се многу слични.



Овца

Остава траги со должина од 5 до 6 центиметри; многу потсетуваат на траги на срна, но се порамни.


 



Врана

Нејзината трага е долга 5,5 центиметри; ја сочинуваат три предни прсти и еден заден, а канџите јасно се исцртуваат.

 


 



Мачка

Куќните мачки оставаат округла трага, со големина 3,5 на 3 центиметри, со четири речиси идентични овални прсти, додека петтиот, поставен повеќе на шепата, е слабо забележлив.



Фазан

Трагата на фазанот се состои од три тенки, напред заоблени прсти, со должина од 6 до 8 центиметри. Но, на него потсетуваат и трагите на многу други диви птици.



Дрозд

Трагата на оваа птица е долга 4 центиметри; стручњаците велат дека е единствена меѓу птиците пејачки со долги тенки прсти.




Галеб

Големината на отпечатокот од ногата кај нив се разликува. Трите предни прсти се споени со пловна кожичка а задниот прст е ретко видлив, само ако подлогата е многу мека.



Евроазиска црна лиска

Трагата е долга 8 центиметри; три исклучително долги перничести прсти стрчат напред, но видлив е и значајно пократкиот заден прст. Бидејќи оваа птица ги обиколува пределите богати со вода, нејзните траги се почести во крајбрежните и мочуришните краеви.



Сива Чапја

Трагата на ова птица е долга 7.5 центименти; се истакнуваат долгите, тенки предни прсти и многу долгиот заден прст. Нејзините траги најчесто се гледаат врз водени површини.

 

 Куче

Отпечатокот од шепите на покрупно куче е „за број поголемо“ од трагите на лисицата; главното перниче е опкружено со прсти кои се многу позбиени отколку кај лисицата.



Извор: Политикин забавник