Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска - македонски претставници на Венециското биенале

11.01.2022 17:34
Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска - македонски претставници на Венециското биенале

 Фотографот Роберт Јанкулоски во соработка со уметницата Моника Мотеска и нивниот проектот „Landscape experience“ (Пејзажно искуство) ќе ја претставуваат Македонија на 59. Венециско биенале за уметност што ќе се одржи од 23 април до 27 ноември, соопшти Министерството за култура. Проектот е кандидат на Националната галерија на Македонија, а кураторка е Ана Франговска, историчарка на уметност. 

„Проектот низ јукстапозиции поставува нови пејзажи, реални, а имагинативни;локални и национални, а сепак универзално препознатливи: „Нивните сублимирани сцени, објекти, видеа и просторна инсталација го сугерира односот тело-природа, човек-технологии, човекот како несовршено суштество и негова когнитивна симбиоза со останатиот жив свет и околина. Низ квалитетен материјал и портфолио, авторот и кураторката (Ана Франговска) го развиваат и докрај го објаснуваат проектот како соодветен одговор на темата на Биеналето 'Млеко од соништата'.“, се вели во образложението на стручната комисија при Министерството за култура.  

Во конкуренција биле вкупно пет проекти: „Божествена пародија“ на Страхил Петровски, канадидат на Музеј на Град Скопје, „Сите изгубени гласови“ на Филип Јовановски, на Младинскиот културен центар од Скопје и „Горчлив шеќер“ на Ѓорѓе Јовановиќ кандидат на Музејот на современата уметност. 

ОкоБоли главаВицФото