Непознато

11.01.2022 18:25

Мртов лежи телефонот
во мртов агол
и немее како гладен пајак
в зори
Исклучете го мртвиот телефон
во мртвиот агол
да не протече низ неговите зени
надвор
и да не прозбори

Зашто папочната врска
некаде далеку
му се губи
и со гласови на неизвесноста
и слутења
се храни
Ги знам тие гласови
Се јавуваат непоканети
и се закануваат
а нема
а нема што да ме брани

Кога металот на зборовите
на непознатото
ќе ми се спушти
на дното
од утробата
и тежи
додека телефонот
немее како гладен пајак
и во мртвиот агол
безживотно лежи

Исклучете ги сите телефонски централи во светот
и строшете ги сите телефонски апарати
во прав
да се заштитиме
од гласот на Непознатото
што се заканува
со неизвесност
и страв

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото