1033 hPa
42 %

7 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 09:59
Пред неколку дена министерот за финансии си ги собрал колегијалните јадови на нашата финансиска Илијада и Одисеја, саде кој од кој магови и махери на нашите финансии во последните триесет години. Сите до еден полни- ретроактивно- со совети како треба денес или како знаеле тогаш (ама, ете бе, биле спречени, анасана) од нашата економија да направат Сингапурче на Балканите. Интересно, во таа дружба на ликови во чии времиња од земјата се иселени стотици илјади луѓе и украдени милијарди и милијарди евра ем долари, немаше ниту еден лик од најдобриот финансиско-економски тим на Македонија предводен од Драган Тевдовски со соработниците Рилинд Кабаши и Бранимир Јовановиќ. Можеби најомразениот трилинг од страна на ботовите и паразитите при Бихаќка, Речица и Бела палата. Ова трио, можеби единствениот автентичен и вистински светол момент во кој се прекршуваше надежта за нова економска политика и едно општество, беше брутално и насилно понижено, исмејано, прегазено и елиминирано од страна на збратимениот клан на полуписмени, недоделкани, компромитирани, вулгарни и корумпирани партиски бедници од трите големи партии и нивните медиумски полтрони.
Арсим Зеколи, Дојче веле, 06.01.22.