Скандинавски бајки илустрирани од Виктор Пивоваров (винтиџ сликовница)

14.01.2022 13:47
Скандинавски бајки, илустрирани од Виктор Пивоваров (винтиџ сликовница)

 

„Скандинавски бајки“, илустрирана од московскиот концептуален уметник Виктор Пивоваров, била за прв пат објавена во 1982 година. Книгата излегла во, во тоа време минимален, тираж од 30 000 примероци и веднаш се распродала. Денес книгава претставува библиографски раритер.

Илустрациите на тролови, џинови, змејови и духови, се дел од најамбициозните книжевни потфати на Пивоваров. Преводите на бајките биле подготвени од најдобрите преведувачи. Воведот во книгата го напишал Венјамин Каверин.

Виктор Пивоваров, роден 1937, заедно со Иља Кабаков, Ерик Булатов и Ирина Накова, бил еден од водечките уметници на Московското концептуалистичко уметничко движење во 1970-те. Неговите дела ја отсликувале идеологијата на советскиот животен стил, често изразувајќи критика и носталгија по него.

Пивоваров e и плоден илустратор на повеќе од 50 книги за деца.

 

Извор: Live journal

ОкоБоли главаВицФото