Економскиот раст на социјалистичка Југославија и на осамостоените држави (3)

15.01.2022 12:31
Економскиот раст на социјалистичка Југославија и на осамостоените држави (3)

(продолжува од вториот дел)

III
Како се одвивал процесот на економска конвергенција на екс-ЈУ 6 кон ЕУ-27 и ЕУ-15?

Штотуку проанализиравме каков економски раст во изминатите три децении остварила групата екс-ЈУ 6 држави, каков секоја одделно од нив и какви измени настанале во нивните релативни односи.

Но, во првиот дел од овој осврт рековме и дека: не е важен
само сопствениот економски раст, за „мир во куќата“, туку и каков е во споредба со економскиот раст на другите. Затоа, во продолжение, економскиот раст (БДП) на групата Екс-ЈУ 6, и одделно на секоја држава од неа, ќе биде спореден со остварениот во Европската Унија, како целина и, одделно, со економскиот раст на некои групи на земји од неа: EУ-15, најразвиените европски држави од кои се состоеше Унијата до 2004 година; членките познати под името Вишеградска група (4); како и со земјите соседи на поранешната СФРЈ (7), во кои е и Албанија, која сѐ уште е вон ЕУ. На тој начин,
без сомнение, подобро ќе го согледаме вистинското значење на оствареното на групата држави кои пред триесет години беа супстанца на една држава. одвивал процесот на економска конвергенција на екс-ЈУ 6 кон ЕУ-27 и ЕУ-15?

(1) Економскиот раст на екс-ЈУ 6 спореден со истиот на членките на ЕУ-27

Како што знаеме, најкратко кажано, ЕУ од нас бара: владеење на правото и функционална пазарна економија, моделирани според таканаречените „западни вредности“. Но, долгата историја на човештвото драматично уверливо покажа дека без приближно еднаква економска моќ на актерите во пазарниот и во вкупниот општествен натпревар, правдата, во смисла на правичност (да се потсетиме на Џон Тејлор) може да биде само сон. На теренот на кој играат економски нееднакви актери, дури и во ист правно-политички систем, економски слабите актери главно остануваат со „кратки ракави“. Раката на „законот на големите бројки“, сакале или не, е мошне долга. Законите „еднакво важат“ за сите но, на економски нееднаквите актери јавните ресурси не им се еднакво достапни: тендерите за вложување на јавните пари ретко ги добиваат слабите, или добиваат само дребулии. Ако сте економски аутсајдер, не сте подготвен за натпревар во „функционална пазарна економија“ уредена од моќните. Ако не направите нешто сами да си ја зголемите својата економска моќ, таа нема да ви биде подарена. Ќе бидете само „субјект со посебни потреби“. Затоа, прашањето на намалување на економскиот јаз меѓу екс-ЈУ 6 и просечното ниво на развиеност на Европската Унија е од исклучително значење.

Преку податоците во табелите, 7 и 8, ќе може да го проследиме процесот на економска конвергенција, во апсолутни и во релативни изрази, на екс-ЈУ 6, како група, и одделно на секоја држава од неа, кон просечното ниво на ЕУ-27.

Во првата, табела 7, се промените во апсолутните износи на доходот, и тие се следниве:



Во втората, табелата 8, се пресметаните релативни разлики, изведени од табелата 7. Тие, заедно со графиконот 6, подолу, појасно ни воочуваат со која динамика екс-ЈУ 6, како група и одделно, (не)фаќале чекор кон нивото на развиеност на ЕУ-27.



Што е највпечатливото од податоците во табелите 7 и 8?

  • Државите од групата екс-ЈУ 6 во периодот 1990-2019. оствариле побавен раст на БДП на еден жител (107 %) од ЕУ-27 (117 %). Според тоа, групата екс-ЈУ 6 не успеала да ја намали разликата меѓу нејзиниот просечен доход на еден жител во однос на истиот на ЕУ-27, кога го имаме предвид целиот период по дисолуцијата на СФРЈ. Всушност, констатираме дополнително благо заостанување.


  • Само две држави од групата, БиХ и Македонија оствариле побрз раст на БДП од оној на ЕУ-27. Овој „феномен“ го објаснивме погоре. Четирите други републики имаат јасно побавна динамика на раст на БДП од истиот на ЕУ-27. Убедливо најбавен раст (со тоа и убедливо дополнително заостанување) остварила Србија.

За колку процентни поени наведената динамика на раст на БДП ја оддалечила екс-ЈУ 6 како група, за колку некои ги приближила или оддалечила од просечниот доход на ЕУ-27, кога е во прашање 1990 година, пресметаното е во табелата 8. Па, од неа може да видиме дека:

  • Групата екс-ЈУ 6, наместо да го намали заостанувањето, иако малку, сепак, го зголемила за 2.3 п.п. Логично на податоците од табелата 7, се покажува дека БиХ и Македонија го намалиле економскиот јаз во споредба со просекот на ЕУ-27, првата за 23.8 п.п, втората за 5.8 п.п. Најголемо, дополнително, оддалечување од просекот на ЕУ-27 ѝ се случило на Србија (за -18.6 п.п), а потоа Словенија (-14.2 п.п) додека Хрватска, дополнително се оддалечила, но само за 3.8 п.п.


  • Ако ја „прескокнеме“ првата декада (во која сè што не требаше се случи на просторот на бившата СФРЈ) и ја погледнеме временската секвенца 2000-2019 година, можеме да констатираме дека во тој период постои процес на конвергенција кон ЕУ-27, или, јас би рекол повеќе процес на надоместување на заостанувањето настанато во првата декада по распадот, да не зборуваме за декадата на „пред-премиерно“ стрмоглавување, 1980-1990.


  • Во временската секвенца, 2000-2019, или во двете третини од времето по распадот на СФРЈ, очигледно постои процес на фаќање приклучок кон просекот на ЕУ-27. Но, процесот е мошне бавен. Екс-ЈУ6, како група, намалила од заостанувањето само 9.4 процентни поени. Најмногу од загубеното надоместила Црна Гора, за 16.5, па следуваат Хрватска, за 12.8, и БиХ, за 10.6 процентни поени (трите над просекот на групата). Србија, со 9.3 п.п. остварила позитивно поместување, главно колку и групата како целина, додека Македонија е јасно под просекот, со плус 8.1 п.п. Единствено Словенија и во овие две децении, иако минимално, има релативно оддалечување од просечното ниво на ЕУ-27, при што не смееме да заборавиме дека таа заостанува зад просекот на доходот на ЕУ само за 12 до 13 п.п и на прирастот на БДП на еден жител што го остварила од 1990 до 2019 (+18427 int$)

(2) Економскиот раст на екс-ЈУ 6 спореден со истиот на ЕУ-15

Од 1995 до 2004 година ЕУ се состоеше од 15-те најразвиени европски држави. Потоа започна нејзиното проширување кон Југоистокот - со бившите социјалистички држави. Бидејќи вториве беа (и, се) прилично под нивото на развиеност на првите, тие влијаеја на намалување на просечниот БДП на жител на сојузот наречен Европска Унија што, според доходот, имаат амбиција да го достигнат другите од Европа. Затоа ќе направиме споредба на остварениот развој на екс-ЈУ 6 и со овие 15 држави зашто, на тој начин, добиваме уште појасна слика за (не)успехот на екс-ЈУ 6-те во процесот на конвергенција во периодот што го анализираме. Притоа, не е важно што Обединетото Кралство денес не е членка на ЕУ. Податоците во табелата 12 и графиконот под неа, ни го даваат материјалот за оваа споредба.


 



Пред коментарот на податоците, прво, да потсетиме: колку државите се економски поразвиени, толку е потешко да остваруваат високи стапки на економски раст. И покрај тоа, екс-ЈУ 6 групата (која економски многу заостанува(ла) зад најразвиените држави на Западна Европа (во случајов зад ЕУ-15) не успеала во изминатиот период да оствари повисока стапка од нив, како крупа. Првата, екс-ЈУ 6 (од 1990 до 2019) доходот го зголемила за 107.3 %, втората, ЕУ-15, за 109.6. Процентуалната разлика во растот е занемарлива, но во контекст на горната напомена е многу важна - добива друга димензија. Уште помало е поместувањето во релативната разлика помеѓу државите од овие две групи: во 1990. екс-ЈУ 6 според доходот на еден жител имале достигнато 41.5 п.п од истиот во ЕУ-15, во 2019, скоро исто, 41 п.п. Всушност, без измени во релативната разлика. Меѓутоа, истите проценти на економски раст кај развиените (15) држави и кај неразвиените генерирале прилично различни прирасти на апсолутни големини на доходот. Тие, речиси, исти стапки на раст, од 1990 до 2019, значат просечен прираст на доходот на еден жител на групата ЕУ-15, 28781 int$, додека во групата екс-ЈУ 6 само 11694 int.$.- помалку, за 1,5 пати. Или, уште појасно кажано: додека само додадениот просечнен прираст на доходот на еден жител од групата ЕУ-15 (од 1990-2019) изнесува 28781 int.$, вкупниот историски достигнат доход на еден жител од групата екс-ЈУ 6 во 2019 изнесува само 22589 int.$.

Одделната споредба на релативните разлики на секоја од екс-ЈУ 6 државите со просекот на ЕУ-15 држави, ни покажува: повторно, само БиХ и минимално Македонија, го намалиле заостанувањето (како што нотиравме главно поради т.н. „ефект на споредбената основица“) додека сите други го зголемиле заостанувањето - најмногу Србија (-13.8 п.п.) и потоа Словенија (-8.9 п.п).

(продолжува)