Што открива презимето?

17.01.2022 11:54
Што открива презимето?

Приложените мапи ги покажуваат најчестите презимиња во соодветните земји (легенда на крајот од текстот)

Каков метеж би настанал во училишнiте дневници, како би се разнесувала пошта кога луѓетo би имале само имиња, а не и презимиња? Иако, поглавиците на некои австралиски племиња немаат ни име ни презиме бидејќи веруваат дека така ќе останат непознати на злите духови.

Старите Грци немале презимиња. За сепак да ги разликуваат луѓето со исто име, им додавале прекар. Покрај славните имиња на филозофите, книжевниците, научниците, обично стоело името на местото од каде потекнувале: Талес од Милет, Аристарх од Самос. Меѓутоа, обичниот Талес е именуван со многу помалку церемонијалност: Талес Кривоногиот, Талес синот на свеќарот, или Филиповиот син. Овие прекари биле составни делови на имињата, но не се наследувале.

Римјаните во тоа време имале просечно по три имиња: Марко Тулиј Цицерон, Публиј Овидиј Назон, Тит Лукрециј Кар. Првото име било лично, второто татково а третото дедино или на некој друг предок. Денес средната буква што ја користиме помеѓу името и презимето е остаток од обичајот уште од времето на Римјаните.



Така, со голема веројатност се знае кога на тлото на Европа е употребено првото вистинско презиме т.е. семејното име кое се наследува. Пред отприлика 2400 години римскиот начин на обележување со три имиња се скратил во nomen и cognomen – име и презиме. Меѓутоа, кога пропаднало Римското царство, со доаѓањето на христијанството презимињата исчезнале бидејќи новата религија признавала само крстено име.

Модерните презимиња практично настанале во Средниот век. Најпрво кралските и племските семејства покрај името на главата на семејството започнале да го додаваат називот на имотот што го држеле, и во почетокот, заедно со имотот, него го наследувал само најстариот син. Подоцна називот го примале и помладите синови и така презимето станало наследно. Кога почнала да цвета трговијата, било многу важно да се знае кој како се вика за да не се лута и да не се греши, па и граѓаните по примерот на племците добиваат презимиња. Обичниот народ нив ги добил последен.

Мажите, татковците, со векови имале главна улога во семејството и во општеството па разбирливо е што сродството се сметало според машката линија а и презимето настанало од татковото име. Тоа се задржало и денес во најголем број земји во светот. Синовите целиот живот, а ќерките до венчавка, го носат презимето настанато од татковото име или семејното презиме. Во Шпанија дури и денес жената по венчавка не го зема презимето на сопругот туку го задржува татковото.

Од татковото име презимето се прави на повеќе начини. Наједноставниот начин е кај германските народи каде на татковото име се додава само -sohn, што значи син. Така е кај ашкенаските Евреи, оние од северот и од средна Европа. Морисон е Син на црвенокосиот човек, Абрамсон – Син на таткото на народот, Вилхемсон – Син на господарот на волјата.

Кај Англосаксонците додавката за правење име од татковото е инг; со презимињата со О’- се означува нечиј внук или потомок; норманската ознака за син е фиц-.

Во Шведска најчести презимиња се оние на –сон. Така, во оваа земја има околу 380 000 Андерсонови, 364 000 Карлсонови и 330 000 со презимето Јохансон. За да се намали забуната околу толкавиот број исти презимиња, шведската влада објавила регистар со 50 000 несекојдневни презимиња и ги повикала граѓаните ако сакаат да си изберат ново.

Постојат и презимиња кои се изведени од женски имиња. Тие настанале тогаш кога глава на семејството била жена, затоа што останала вдовица или, ако мажот дошол во нејзината куќа, на нејзиниот имот.

Најчестото презиме во САД и во Англија е Смит – ковач. Тоа е разбирливо ако се знае дека ковачкиот занает отсекогаш бил баран и ценет. Кај нас ова презиме е често: Ковачевски, на пример. Кај Французите тоа гласи Лафорж, во Италија Фабри, во Шпанија Херера, а во Португалија Фереира. Шмит е многу често презиме кај Германците, Кузњецов кај Русите, Ковалевски кај Полјаците.

Презимињата добиени според заниамњето настанале многу рано бидејќи по нив луѓето се разликувале: еден Џон бил ковач, друг млекар и со веме покрај нивното име редовно се употребувало занимањето кое прераснало во вистинско презиме кога почнале да го наследуваат и синовите.

Легенда: 
     Со потекло од татково, мајкино име или име на предок
     Според занимање
     Според лични особини
     Од географска карактеристика 
     Означува покровителство (конструирани да оддадат чест на покровител)
     Име на место

Извор за текстот: Политикин забавник

ОкоБоли главаВицФото