Еволуција на дизајнот на парите

17.01.22 12:37

 

Оваа видео компилација се состои од разнобојни исечоци од банкноти од 23 земји од 1800-ите до денес и покажува како дизајнот на парите еволуирал низ времето. Тоа претставува бескрајна низа од линии, мотиви, амблеми и историски фигури од разни банкноти, споени во хипнотична анимација. Видеото е придружено со нумерата „Money Is the One True God“ од Блејк Милс. Меѓу мотивите се наоѓаат портрет од предводникот на бунтовниците Семјуел Шарп на јамајканската банкнота од 50 долари, релјеф на Теночтитлан на парата од 100 пезоси, и калеидоскопски залез на кинеската пара од 5 јуани.

Анимацијата во голем дел се фокусира на апстрактните прикази, но е и индикативна за културните трендови и промени. „Ерата на истражувањата води до индустријализација, светските чуда се менуваат со деловни згради, а симболите на слободата стојат наспроти сликите на ропството. Видеото кулминира со очите на сите светски лидери вперени во публиката“.

Извор: This Is Colossal 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото