
IV
Конвергенцијата на екс-ЈУ 6 кон ЕУ-27 и ЕУ-15 споредена со истата на некои екс-социјалистички држави од Европа и соседите на бившата СФРЈ
Колку се (не)успешни политиките и мерките на екс-ЈУ 6 за намалување на економскиот јаз во однос на ЕУ-27-те држави и ЕУ15, дополнително ќе воочиме ако извршиме споредба и со резултатите што на тој план ги оствариле некои поранешни социјалистички држави (кои станале членки на ЕУ по 2004-та година). И, дополнително, ако извршиме споредба на екс-ЈУ 6 со државите кои ним им беа соседи кога беа во рамките на поранешната СФРЈ.
Од екс-социјалистичките ги одбравме „Вишеградската четворка“ и Балтичките држави. Причината за овој избор е едноставна. Мораа да го минуваат истиот процес на транзиција и речиси нема анализа во која не се истакнува нивната успешност. За соседите, пак, на бившата СФРЈ се одлучивме поради ноторниот факт дека, соседните држави, со својата позиција, секогаш се исклучително важен фактор на влијание врз состојбите на земјата која граничи со нив. И од политички и од економски аспект.
Првата споредба за (не)успешноста во развојот на сопствената држава ја правиме со соседите. Си ја „плакнеме совеста“ ако сме во исти „кашканици“, им завидуваме или ни завидуваат ако се или сме подобри од нив, што во секој случај има влијание врз моделирањето на домашното политичко расположение. Знаеме, за време на животот во СФРЈ, колку Словенците го експлоатираа фактот дека драматично заостанале, особено, зад Австрија, па, и Италија; колку ние, во Македонија, се споредува(в)ме со Албанија, Бугарија и Грција; колку аналитичари во Србија (незадоволни од внатрешните состојби) правеа споредби со Грција пред и за време на социјалистичката ера...
И, еве ги соодветните податоци за овие три групи на држави од кои можеме да извлечеме дополнителни сознанија за (не)успехот на групата екс-ЈУ 6 и одделно за секоја држава од неа.
(1) Екс-ЈУ 6 во споредба со Вишеградската четворка
Како и во претходните случаи, и во овој дел ќе бидат проследени и динамиката на апсолутните промени во доходот на еден жител на споредуваните држави и нивниот ефект врз релативните разлики што ги предизвикале.
Од податоците во табелата 10 може да констатираме:
Во истиот период, ЕУ-15 успеале да му додадат на доходот на еден жител дополнителни 28781 int.$, Вишеградската четворка 18169, додека екс-ЈУ 6 само 11694 int.$. Логично, разликите во апсолутните износи на доходот на еден жител меѓу нив значително нараснале.
Уште поконкретно: во 1990 година разликата според доходот на еден жител (искажана во долари со еднаква куповна моќ) меѓу екс-ЈУ 6 и В-4 била 5585 int.$, во 2019. достигнала 12060. Станала повеќе од двојно поголема.
Разликата во доходот на еден жител меѓу екс-ЈУ 6 и ЕУ-15 во 1990. била 15358 int.$, во 2019., изнесувала 33445 int.$. И во овој случај нараснала на повеќе од двојно.
Разликата, пак, во доходот на еден жител меѓу В-4 и ЕУ-15 во 1990 била 9773 int.$, во 2019 изнесува 10612 int.$.
Заклучокот е јасен: В-4 успеала некако да ја одржи, со мало зголемување, апсолутната разлика во доходот на еден жител во споредба со ЕУ-15, додека групата екс-ЈУ 6 го удвоила заостанувањето во споредба со двете наведени групи.
Какви измени настанале во нивните релативни односи на развиеност, може да се види од податоците во табелата 11.
Табела 11 (со графичкиот приказ под неа) јасно ни покажува дека дискутираните динамики на растот на БДП во наведените три групи на земји, заедно со нивните промени во апсолутните износи, не довеле до измени во нивните меѓусебни релативни односи. И по три децении, екс ЈУ-6 останале со заостанување од околу 59 п.п зад просечниот доход на еден жител на ЕУ-15 и за околу 34-35 процентни поени зад В-4., што издвоено е прикажано на графиконот 10.
Меѓутоа, и овде треба да нагласиме дека во трите децении се отсликуваат два периода: во првата декада (1990/2000) се одвива процес на натамошно продлабочување на јазот во степенот на развиеност меѓу екс-ЈУ 6 и В-4, од една страна и ЕУ-15, од друга, додека во останатите две децении (1990-2019) тоа новонастанато заостанување главно се анулира. Но, без оглед што јазот кој постоел во 1990 не е стеснет (кога ги споредуваме селектираните групи) постои јасна индикација дека процесот на конвергенција по 2000-та започнал да се остварува, меѓутоа прилично споро.
(2) Екс-ЈУ 6 во споредба со Балтичките земји
Во сите анализи за конвергенцијата на екс-социјалистичките држави кон ЕУ, како што погоре беше спомнато, или кон нејзините поразвиени држави (ЕУ-15) посебно се нагласува и успехот на трите Балтички земји во тој процес. Затоа одделно ги вкрстуваме резултатите на екс-ЈУ 6 и со оваа група на држави, и како и во другите споредби, се компарирани и со групата ЕУ-15. Селектираните и обработени податоци се приложени во табелите 12 и 13, заедно со графичкиот приказ, потоа.
Од податоците во оваа табела (12) заклучуваме:
Евидентно побрзата динамика на раст на БДП на групата Б-3 од истата на групите ЕУ-15 и екс-ЈУ 6, довела до значително подобрување на нејизната релативна позиција во однос на двете групи држави. Соодветните бројки за оваа споредба се приложени во табелата 13 и графички прикажани веднаш потоа (графикон 11).
Од податоците во табелата кристално е јасно дека :
(3) Екс-ЈУ 6 во споредба со соседните држави на бившата СФРЈ
Погоре објаснивме зошто е важно споредувањето на сопствените достигнувања со истите на соседните држави. Затоа, овде нема да се задржуваме на тоа прашање.
Оваа група држави - соседи на бившата СФРЈ, е мошне хетерогена. Составена е и од побогати и од посиромашни, вклучително и најсиромашната, Албанија, а во исто време се разликуваат и по тоа што некои од нив се стари, додека другите се нови пазарни економии. Фактите за оваа споредба се изложени во табелите 14 и 15.
Од податоците во табелата 14, можеме да констатираме:
Поединечната споредба на секоја држава од групата екс-ЈУ 6, со просечното ниво на доход на групата бивши соседи на СФРЈ, ни покажува:
(продолжува)
Илустрации: Francesco Ciccolella