Знаци

18.01.2022 17:26

Сè едно дали е вистина или лага, триж
глупава приказна за старите хороскопи и гатанки
Велат кога се родив огнен знак ко ‘рж
во златни зрна паднал од небо, крунести солзи во гранки.

Старата приказна е без смисла и без срж
воопшто сита сум од хороскопите и гатанките дамни
знам кога еднаш ќе дојде денот ќе вивне тој ко ‘рж
во круните на гранките и клада жртвена ќе пламни.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото