Пари

19.01.2022 12:38

Работниците ги заработуваат.
Расипниците не ги почитуваат.

Лихварите ги позајмуваат.
Трговците со нив тргуваат.

Банкарите ги творат.
Фалсификаторите кривотворат.

Покојниците ги оставаат.
Прашалници на наследници задаваат.

Штедачите ги чуваат, јасно.
Алчните по нив копнеат страсно.

Лоповите ги крадат.
Корумпираните умеат да ги „вградат“.

Со коцкање работите ќе се влошат.
Ама јас многу пред тоа ги трошам.

 

Превод: П. В.

Richard Willard Armour (1906-1989) - американски поет, професор и сатиричар кој објавил повеќе од 65 книги и повеќе од 6000 прилози, песни и кратки сатири, во околу 200 списанија.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото