Аспекти

20.01.2022 14:32
Аспекти

 
Цела една група грмушки и дрвчиња, како да ce на школски излет, ce запнала да ce искачува по ритчето – смреки, зеленики, трње, круши горнички.

Некои тукушто тргнале, други стигнале до средето, a едно борче стасало веќе на самоти врв и мавта на сите страни за поздрав.

Но тоа е сето само привид и чиста измислица на умот.
Всушност, секоја грмушка и секое дрвче стои таму каде што е никнато еднаш засекогаш.

Тоа што никнало највисоко, најлуто го бијат дождовите и ветриштата.


Слика: William Steig
Извор за текстот: Блаже Конески, Дневник по многу години

Поврзано: 
Блаже и Доста
Слез

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото