39 наслови во трка за „Роман на годината“

20.01.2022 14:57
39 наслови во трка за „Роман на годината“


39 романи оваа година се пријавиле за наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ова го констатираше жири комисијата во состав: Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Во продолжение погледнете ги сите 39 романи кои ќе се натпреваруваат за оваа награда:

  • „Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“
  • „Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“
  • „Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“
  • „Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“
  • „Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“
  • „Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“
  • „Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“
  • „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
  • „Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“
  • „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
  • „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
  • „Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески
  • „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
  • „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
  • „Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“
  • „Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“
  • „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
  • „Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“
  • „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
  • „Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева
  • „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
  • „Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“
  • „Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
  • „Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
  • „Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
  • „Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“
  • „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
  • „Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
  • „Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“
  • „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
  • „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
  • „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
  • „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
  • „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
  • „Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“
  • „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
  • „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
  • „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
  • „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото