Блаже и Доста

20.01.2022 16:02
Блаже и Доста


Токму така: Блаже и Доста. Како Тристан и Изолда, Самсон и Далила, Ромео и Јулија, Омер и Мерима. Прво името на љубовникот, a после на љубовницата. A ceгa еве ja и малата љубовна приказна.

Таа изутрина ние тројцата, Иван, Коце и јас, ce искачивме до манастирот високо горе в планина. Денот ни мина во шеткање во дивата природа, a приквечер ce прибравме во маѓерницата, чекајќи да биде готова вечерата. Тоа е време и место да ги запознае човек најлесно оние неколку манастирски луѓе, момоци и слугинки, што ги довеал ветрот однекаде или подобро речено што ги исфрлил животот на овој крај како што исфрла одломки на некој пуст брег. Тука нашле тие врталиште и корка леб, но и манастирот има потреба од нив.

Попладнето ce врати Целе со маските од град. Toj е пазарџијата. Ѕвончињата од трите маски го објавија торжествено неговото влегување под сводот на манастирската порта. Околу него брзо ce собра група од мажи, жени и деца што летуваат во манастирот и што ги чекаат пратките и продуктите од градот.

Ceгa е Целе седнат со нас, во маѓерницата. Мал, жив, очакален, тој води важен разговор со Коцета. Toj е мариовец. Дома не можел да се разбере со снаи и синови, па ce главил овде. Целе помагал во борбата и го памети Коцета од тоа време од мариовскиот терен. Toj е партиец и, како што кажува, уште плаќа членарина. Во разговорот го интересира да разбере како може да дојде до некаква боречка пензија, макар и најмала. Во тоа наоѓа за себе изглед за иднината.

Вечерата, некаква чорба, ја готви Ристана. Чиста градска средовечна жена, вдовица, a богомолка, таа еве неколку години по ред ги поминува летните месеци во манастирот со своето веќе големко девојче. Ce враќаат в град дури при крајот на септември, по манастирскиот празник – Мала Богородица. Таа е нешто како економка, домаќинка, ce грижи за летувачите и ја држи кујната.

На Ристана ѝ помага Доста. Таа е овде најулишената душичка. Мала, сува, грда, поцрнета, боса, таа ми личи на некое чавче што паднало од седело и си го скршило крилцето. На нејзиното ситно, избрчкано лице, ce истакнува шилестиот нос. Црната коса и паѓа на рамена во неред, нечешлана. Одвреме навреме рамениците и целото тело и ce затресуваат конвулзивно. Оди несигурно, како да нурка. Доста ги врши погрубите работи, носи вода, мете, го исфрла ѓубрето. По зборот ce гледа и таа е некаде од Целевите краишта.

На неколку пати, дури разговараме, таа станува од своето место покрај шпоретот, оди до отворената врата и вцренето погледнува надвор. Веќе се смрачува. Ламбата е запалена и мека светлина ја облева маѓерницата, ce истура дури малку и надвор низ вратата.

Најпосле Доста вели: „Се забави Блаже“.

„Остај ce!“ – ce јавува Ристана. „Да не го изел волкот!“

Но еве го и Блажета. Toj е овчар. Дури да ги прибере в трло овците и оние неколку кози, што манастирот ги држи бесправно, минало времето. Блаже е облечен градски, височок и исправен, со смачкан качкет на глава. Да не е сосем штрб, што ce виде при поздравувањето, би се рекло дека е дури и на овие години убав маж.

Вечерата е веќе готова и ставена. Ние тројцата сме седнати на едниот крај од масата. Блаже седна до мене лево, Целе на другиот крај, како на чело. По стариот обичај, жените ќе вечераат по нас. Доста седнала на столче во аголот зад шпоретот, во полусенка, како да ја нема сега во нашиот круг, готова да ја заборавиме, сосем повлечена.

Почна да блошава, крстејќи се со широки движења, Целе: „Ајде, Господи поможи! Некое арно Господ да дај! Пригледај нè и нас, Боже!“ Другите ce одѕваа: „Амин, Боже!“ Почна дробењето на лебот и гласното сркање со дрвени лажици. Одвај да ce чуе по некој збор во тоа шлибање. Но јадењето ce заврши и Ристана принесе на крајот еден ваган круши. Тоа е знак да живне разговорот. Целе, секако по навик, почна да го задева Блажета. „Го гледаш имењаков?“ – ми ce обраќа тој мене. „Ти личи на овчар? Гледај како ce иставрил како некој бег!“ Навистина Блаже е облечен градски, носи светол костум, добиен одамна од Унра. На тој костум нема веќе место да не е накапано и извалкано.

„Ми ce скина денеска палтото“ – вели Блаже нажалено и го покажува десниот лакот.

Одеднаш од полусенката, како жегната, нагло ce јави Доста и ce доближи до масата.

„Јас ќе те закрпа!“ – рече таа со поривен глас што не допушта некоја друга рака да го допре Блажевото палто.

Нејзината мала, стуткана сподоба како да ce најде во самиот фокус на сцената, под рефлектор, во некаква трагична улога. Светна убав блесок во нејзините, сега се виде, црни како маслинки очи.

Целе и Ристана ce насмејаа многузначително. Ce обиде да им ce придружи и Блаже, но не му успеа. Жално ce искриви неговата штрба уста и тој видно поцрвене.

Тогаш настана тишина. Кога ќе настане неочекувано таков длабок молк, ce вели дека прелетува ангел. Овој пат тоа беше ангелот на љубовта. На своите невидливи бели крилја тој лесно долетал и до измеќарите во оваа манастирска пустелија.

Слики: Yuval Robichek

Извор за текстот: Блаже Конески, Дневник по многу години

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото