
Дојде тој ден: треба негде да се појде!
Нешто ќе биде створено - на отворено!
Мозокот ти е в глава, нозете в чевли седат.
Сврти се кон каде сакаш да те одведат.
Некој те попречува? Пробај да се ослободиш.
Самиот решаваш каде ќе одиш.
Слушни ја веста: постојат одлични места!
Мисли лево десно горе и долу, на секоја ролја
Мисли! И ќе се (с)најдеш, само со малку волја!
Треба да сакаш многу силно за да одиш понатака.
Ќе биде подобро само со тебе - тоа е просто така.
Самиот можеш да бидеш за спасување појас.
Нигде не постои некој што е повеќе од тебе јас!
А денот е погоден: треба негде да се појде...
Препев: П. В.
Теодор Сјус Гајзел (Theodor Seuss Geisel, 1904 — 1991) - американски писател, политички карикатурист, поет, аниматор, издавач на книги и уметник. Славата ја стекнал како автор на низа детски книги, кои ги пишувал под псевдонимот Dr. Seuss. Неговите дела вклучуваат неколку најпопуларни детски книга на сите времиња.