Цвет на љубовта – единствениот приказ на билкава во историјата на уметноста

21.01.2022 15:04
Цвет на љубовта – единствениот приказ на билкава во историјата на уметноста

 

Еден вид од билката валавец овековечил на платно германскиот сликар Албрехт Дирер, и тоа, колку што е познато, е единствениот приказ на оваа билка на некое дело на значаен уметник.

Зошто приказот на оваа билка се нашол на една прочуена слика на Дирер? И тоа единствен пат во историјата на уметноста!


Генијот од Нирнберг

Албрехт Дирер (1471-1528) е еден од најголемите уметници на ренесансата, сликар, графичар и теоретичар на уметноста. На почетокот учи златарски занает во работилницата на својот татко, но веќе рано во него преовладуваат склоностите кон сликарството. Кога имал 15 години, започнал да се школува во работилницата на големиот нирнбершки уметник на тоа време, Михаел Волгемут. Таму го научил не само сликарскиот занает, туку и гравирање на дрво и бакар. Школувањето, по обичај, завршило со патување што почнало во 1490-та, и тогаш ги обиколил Германија, Швајцарија и Холандија. Во 1494 година Дирер се вратил во Нирнберг и се оженил, за потоа прв пат да отпатва во Италија, каде се запознава со сликарството на италијанските ренесансни мајстори.

Во плодната кариера насликал повеќе автопортрети, а првиот веќе во 1493 година. Овој автопортрет на 22-годишниот Дирер се смета за првиот во германската ренесанса. Дирер во раката држи бодликав цвет. Сликата е изработена на пергамент за подоцна да биде префрлена на аплатно) и била подарок за идната сопргуа Агнес Фреј.

Стручњаците долго се бавеле со оваа слика. Особено со натписот во горниот дел од сликата и со бодликавата билка што млдиот Дирер цврсто ја држи во десната рака. Која е таа билка, дали има врска со натписот, дали имала врска со претстојната свадба? Се знае дека во зрелото доба Дирер често посегал по митолошки и алегориски теми и се бавел со природата. Неговите акварели на предели, студии на билки и животни се сведоци на длабоко разбирање на природата. Дали цетот во раката е само испробување во сликањето природа или има и некоја скриена порака?


Легендата

Постои верување за ветрот што дува само еднаш во годината. Никој не знае кога ќе дувне, колку долго ќе дува и што се’ ќе донесе во селото, Тие денови сите жители остануваат дома, го затвораат розорците и со блага морничавост чекаат што ќе донесе ветрот во селото. Никој не му се радува на ветрот освен треварките и жената што толкува соништа или ја рорекува иднината. Легендата вели дека една несреќна девојка чиј љубен заминал на далечен пат со месеци тагувала чекајќи го негоото враќање. Времето минувало, а таа патела и се молела за негово брзо враќање. Губејќи надеж, отишла на крајот од селото кај една од овие жени, ја озложила својата мака и прашала: „Дали ќе ми се врати саканиот?“

„Слушај ме добро ќерко, штом дувне оној ветер, кришум ќе излезеш на полјаната на која си го испратила саканиот. Сврти се кон ветрот, замижи и се’ ќе ти се каже.

Така и било. Ветров дувнал, девојката е искрала од куќата, отишла на полјаната, се свртела во правец на ветрот, замижила и во тој миг почувствувала благ допир. Кога ги отворила очите, за телото ѝ бил припиен еден топчест џбун со трновидни листови. Девојката го понела џбунот дома, го ставила до зглавјето, за прв пат почувствувала големо олеснување и мирно заспала. Утредента нејзиниот сакан се вратил, а оттогаш таа билка ја нарекуваат валавец (бидејќи ветрот вала и тркала).

Eryngium campestre

Таинствена порака

Сликата на Дирер при врвот е датирана (1493) и има натпис Myn sach dy gat alses oben shtat, што преведено од старостразбуршки дијалект значи: „Мојот живот ќе тече како што е одредено горе.“ Таинствена порака што младиот сликар ѝ ја испраќа на својата вереница? Имено, сликата настанала во Стразбур и млатиот Дирер ја испраќа на Агнеса, со која следната година ќе се ожени. Текстот ѝ порачува дека судбината сакала тие двајца да се спојат (бракот е, имено, однапред договорен помеѓу родителите). Но, ѝ испраќа и цвет со кој можеби сака да каже дека покрај судбината постојат и чувства, цвет со кој ја изразува својата верност и успех во љубовта, цвет со кој ја најавува нивната нераскинлива врска и нивното скорешно венчавање. Конечно, без оглед на однапред постигнатиот договор на нивните родители (Албрехт и Агнес никогаш не се виделе?), можеби Дирер со оваа слика и со цветот што симболизира поврзаност, среќа и љубов едноставно сакал да ја запроси Агнес Фреј.

Ќе остане тајна дали младиот Дирер бил запознаен со народните верувања и легенди за билката, но нема сомнеж дека билката што младичот цврсто ја држи в раце е токму валавец. Со оглед дека на родот валавец (Eryngium sp.) припаѓаат повеќе од двесте видови распространети низ целиот свет, останува да се обидеме да откриеме кој вид во рамки на овој род Дирер го насликал. Во Европа се присутни дваесет и шест видови од овој род, во Србија и во С. Македонија четири, во Франција дванаесет, а во Германија се забележани само три вида.

Во некои истражувања што се бават со оваа слика, билката е погрешно препознаена како Eryngium amethystinum (модар валавец). Ако знаеем дека тоа е средоземен вид, дека Дирер дури следната гдина за прв пат ја посетува Италија (каде тој вид можел да го сретне) и ако знаеме дека вридот Eryngim ametystinum има синкаста боја, сигурни сме дека е погрешно протолкувано.

Рековме дека автопортретот е насликан во Страбур (Алзас), 1493 година. Ако го погледнеме растителниот свет во Франција, ќе видиме дека за областа Алзас се наведуваат само два вида во рамки на овој род. Тоа се Eryngium campestre и Eryngium bourgati. Ако сега ги споредиме описите и изгледот на овие два билки, несомненто ќе дојдеме до заклучокот дека се работи за видот Eryngium campestre – обичен валавец, инаку најраспространет од сите.

Некои истражувачи сиболичкото значење на сликата го толкуваат како алузија на Христовото страдање, со растението како претстава на круната од трње на Христос.

Извор: Политикин забавник