Ангелина (краток филм)

22.01.22 13:49

Во овој поетски документарец, Мариа Пива, италијанска режисерка која живее во лондон, ја следи баба си Ангелина низ еден нејзин обичен ден, но исполнет со необични имагинативни екскурзии. Предметите и сензациите на кои наидува Ангелина служат како поттикнувачи на нејзините спомени, кои оживуваат пред камерата.

Водата со која го мие зеленчукот за ручек се претвора во морска вода од плажа. И обратно, сеќавањето на веосипедот со кој се возела низ селото се претвора во вештачки, реконструиран статичен велосипед во нејзината дневна соба, пред пејзажите насликани од нејзиниот покоен сопруг Арналдо.

Можеби филмот сугерира дека треба да си ги негуваме спомените преку ритуали, мечтаења и радосни прераскажувања.

 

Извор: Aeon

ОкоБоли главаВицФото