Кога јас бев голем

24.01.2022 11:14

Кога јас бев голем
правев секакви чуда.
На пример, додека се пентарев
по некои доста брдовити брда
сретнав елен - од страв не мрда!

На еден див лав
- без да стигне да каже џа, бу или ав -
едноставно - опашот му го скратив!
Па кон вселената полетав два пати,
а можеби и трипати.

После и кон Јужниот пол пловев
и цел ден еден кит ловев!
На другите китови им се заканив,
патниците да гледаат ги поканив,
а на морнарите сè им објаснив.

Кога јас бев голем...
Во џунгла еднаш сретнав Пигмеј.
И после еден змеј ми дојде на волеј.
На волеј ми дојде, онака... и друг змеј!
А Пигмејот заоѓај од смеј!

Кога јас бев голем... И ова сакам да спомнам:
цела улица можев да истепам.
Можев од куќа покрив да симнам.
И на слон шлаканица да му залепам.
На два слона - шлап! - да им ги залепам!

Кога јас бев голем... И ова ќе ви го кажам:
Толку бев јак, сè можев да издржам!
Кога јас бев голем...
Кога јас бев голем...
Е па толку. Не знам да продолжам.

Препев: П. В.

Мирослав Мика Антиќ (1932—1986) еден од најпопуларните југословенски и српски поети. Мошне ценет и како писател за деца. Пред да стане познат се занимавал со различни работи - бил морнар, работел во куклен театар итн. Освен со пишување, се занимавал и со сликарство, новинарство и филм.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото