1020 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:59
Зошто Бугарија спадна од 9 милиони на 6.5 милиони жители?
Еве зошто. Румен Радев 22.01.2022: „Когато ни е най-трудно, нека не забравяме, че не са много държавите, съхранили своето име, вяра и език през ветровете на историята. Ако днес България е една от тях, то е защото нашият народ е изпитал и осъзнал необходимостта от единството на меч, дух и слово... Вярвам, че хилядолетната държава на духа е жива в България и тя ще вдъхновява и чертае пътя ни напред”.
Ова ли е бугарскиот дискурс за 21-от век? Единство на „меч, дух и слово“ и историски фантазмагории за „илјадагодишна држава“ - од Берлинскиот конгрес досега?
А што друго да каже Радев кога Бугарија е прва во Европа по број на смртни случаи од Ковид 19 (и покрај пристапноста до вакцини како земја членка на ЕУ). Што друго да каже во услови кога корумпираната Бугарија се соочува со жестока демографска и политичка криза?
Колку повеќе бугарските политичари градат митови за илјадагодишна историја, толку повеќе Бугари сакаат да живеат што подалеку од такви политичари.
И тоа не е случај само со Бугарија, туку и со целокупниот Балкан, каде што историската митологија традиционално се злоупотребува за политички диверзии на јавното мнение.
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 22.01.21.