Земји со најчести здогледувања на НЛО

25.01.2022 12:03
Земји со најчести здогледувања на НЛО

 
Дали вонземјаните се навистина толку различни од другите странски посетители? Не баш, како што покажуваа оваа мапа на здогледувања на НЛО низ Европа, помеѓу 2004 и 2007 година.

Мапата е застапена во „Субјективниот атлас на ЕУ“, кој е дел од уметничко-издавачкиот проект „Субјективни атласи“ на холандскиот дизајнер Анелис де Вет.

Како и повеќето туристи, вонземјаните ја обожаваат Франција (2247 здогледувања), многу ги сакаат Обединетото Кралство и Ирска (1192), но не им се допаѓа многу Италија (530). Шпанија – не баш (351). Германија? Воошто (111).

Тоа е што се однесува до најголемите земји во западна Европа, но што е со помалите земји? Белгија е јасниот фаворит помеѓу нив (205), по неа следува Шведска (153), Португалија (122), и Данска (110). Изненадувачки непопуларни се Австрија (37) и Холандија (22). Луксембург (0) нешто прави погрешно.

Здогледувањата на НЛО се значително поретки во источна Европа: во Балтичките земји, во Словенија, во Словачка и во Чешка се работи за едноцифрени бројки; најголемата бројка е во Полска – 47 забележувања.

Зошто е тоа? „Субјективниот Атлас на ЕУ“ забележува дека статистиките обезбедени од НЛО истражувачот Лари Хеч, не ги отсликуваат просто здогледувањата. И други фактори се во игра, особено „слободата на информации, и подготвеноста на луѓето да дејствуваат по тие слободи“.


Поважни фактори:

Политички: Повлеченоста во советското време речиси во целост оневозможило истражувачите да добијат добри информации од источна Европа (за дадениот период нема достапни информации)

Социјални: Во некои земји голема е стигмата прикачена за пријавувањето на нешто толку „лудо“ како здогледувања на НЛО

Инфраструктурни: Во некои посиромашни земји можеби не постојат начини за пријавување на здогледувања

Свесност: Во Франција и особено во Обединетото Кралство имале активни истражувачи на НЛО. Во други земји ваквата свесност за феноменот е пониска.

Слично:
Субјективен атлас на Пакистан
Мапи
Македонија нема протокол во случај на контакт со вонземјани

Извор: Big Think