Тофаларски сказни (винтиџ сликовница)

25.01.22 12:40

Овие илустрации, дело на уметникот Борис Лапшин, се од книгата „Тофаларски народни приказни“, објавена во 1988. Тие се убав вовед во културата на Тофаларите, мал народ без пишан јазик, кој живее во Сајанскиот регион во Сибир. Денес нивната заедница се состои од нешто повеќе од 500 луѓе.

Исклучителен елемент на нивната култура е нивниот јазик, кој прв пат бил истражуван од лингвистот Валентин Иванович Расадин.

Во нивниот јазик називот доделен на животните и на предметите се менува зависно од контекстот. На пример, Тофаларите имаат три различни термини за „куче“, зависно од тоа дали животното се наоѓа дома, на лов, или брка мечка.

Валентин Иванович Расадин поголемиот дел од својот живот собирал тофаларски сказни.

Слично: 
Скандинавски бајки илустрирани од Виктор Пивоваров (винтиџ сликовница)
Винтиџ сликовници: „Книга со азбуки и родендени“
Винтиџ сликовници: „Куклено Село“
















Извор: Calvert Journal

ОкоБоли главаВицФото