Занимливости од историјата на книгите

26.01.2022 14:26
Занимливости од историјата на книгите

  1. Се проценува дека денес се објавени околу 135 милиони книги, а бројот расте од година во година. Само во САД се објавуваат милион нови наслови секоја година.
  2. Најстарата книга со повеќе листови е пронајдена на подрачјето на денешна Бугарија. Потекнува од 660 година п.н.е. Составена е од шест листови премачкани со 24-каратно злато и содржи запис на етрурски јазик кој историчарите до денес не го протолкувале.
  3. Старите Римјани пишувале на папирус или на животинска кожа. Тие „листови“ подоцна ги спојувале во долги свитоци, што биле тешки за отворање и за држење в раце. Затоа започнале да ги сложуваат еден на друг и да ги сместуваат помеѓу дрвени даски, што практика која претходела на тврдиот повез.
  4. Револуцијата во цената и во производството на книгите, но и наглиот пораст во продажбата на очилата за вид, довеле до изумот на германецот Јохан Гутенберг – печатачот. Првата масовно печатена книга во Европа била Библијата, во 1455 година. До денес се сочувани дури 48 примероци.
  5. Најскапата книга кога било продадена е „Лестерски кодекс“ на Леонардо да Винчи, на почетокот од 16 век. Таа содржи бројни научни поставки, скици и белешки на да Винчи. Ја купил милијардерот Бил Гејтс во 1994 година за 30.8 мииони американски долари. Денес нејзината вреднсост се проценува на 49.5 милиони.
  6. Најголемата библиотека на светот е Конгресната библиотека во Вашингтон. Содржи повеќе од 164 милиони инвентарни единици, меѓу кои и книги, сведоштва, звучни записи фотографии, карти – на 470 различни јазици. Полиците на кои сета оваа граѓа се чува се вкупно долги околу 1350 километри.
  7. Најобемната книга на светот не би ја собрало на вашата маса. Трипитака, книга на будистички учења, е изгравирана на 730 мермерни плочи високи метар и пол, кој ја опкружуваат пагодата Катдау во Мијанмар. Списите се изработени во шеесеттите години од 19 век.




  8. До 12 век книгите биле вистинска реткост што ги красела главно само манастирските библиотеки. Пишувани биле рачно, со гускино перо. На препишување на Библијата еден калуѓер би потрошил речиси цела година. Овие богато украсени книги се викале илуминирани ракописи, бидејќи при нивната изработка се премачкувале со злато и сребро.
  9. Се чини дека книгите што ги читаме за забава стануваат се’ подолги. Испитувањата покажале дека најпродаваната книга во 1999 имала 320 страници, а во 2014 дури 407.
  10. Жителите на Индија се наоѓаат на врвот на листата на највредни читатели, бидејќи во просек читат по 10 часа неделно. Денес околу 85 проценти од светското население е писмено, во споредба со само 32 проценти од пред еден век.
  11. За некој што често и многу чита често се користи терминот „книжен молец“. На други јазици се присутни називите книжни црви, глувци или стаорци. Овие термини доаѓаат оттаму што порано прашливите библиотеки привлекувале огромен број ситни инсекти и глодари кои буквално ги голтале книгите.
  12. Наскоро ќе можеме да читаме книги а да не ги отвориме. Во тек е развој на напредна камера која со нискофрекфентно зрачење може да ги скенира слоевите хартија и да го чита текстот на нив. Оваа технологија би ни овоможла да ѕирнеме во истрошените книги кои поради староста се премногу чувствителни и распадливи.
  13. Некои луѓе не можат да одолеат да купуваат нови книги, кои потоа непрочитани ќе завршат на полица. Таа појава е толку честа во Јапонија што тамошните потрошувачи за го имаат зборот „цундоку“ што значи „натрупување книги без читање“.
  14. Серијата книги за Хари Потер на Џ.К. Роулинг е планетарно чудо, со повеќе од 450 милини продадени примероци. Сепак, најпродаваниот роман во историјата на сетската книжевност е шпанскиот класик „Дон Кихот од Манча“ од Мигел де Сервантес, која досега ја купиле повеќе од 500 милиони читатели во различни изданија.\

Извор: Политикин забавник
Илустрации: Rima Day

 

ОкоБоли главаВицФото